ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/96 стр. 1
  • Како да го откупиме поволното време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Како да го откупиме поволното време
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Да си откупуваме време за читање и за проучување
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2000
  • Строго пази како го користиш времето
    Нашата служба за Царството 2004
  • Користи го мудро своето време
    Нашата служба за Царството 2005
  • Гради го својот живот околу службата за Јехова
    Нашата служба за Царството 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 10/96 стр. 1

Како да го откупиме поволното време

1 Тоа што сме изобилно вработени во Јеховината служба нѐ одржува зафатени! (1. Кор. 15:58, НС). Ја сфаќаме потребата да проучуваме лично и како семејство, секојдневно да ја читаме Библијата, да се подготвуваме за собраниските состаноци и да присуствуваме на нив, како и редовно да учествуваме во службата на подрачјето. Надгледниците имаат пастирски одговорности, а тие се грижат и за други собраниски должности. Некои имаат тешки семејни одговорности или различни обврски кон другите. За да изврши сѐ правилно, секому му треба рамнотежа и добра лична организација.

2 Постави си приоритети: Успехот во ‚откупувањето поволно време‘ зависи од нашата способност за разликување и доброто просудување (Ефеш. 5:15, 16, НС). Мораме да одредиме кои се „поважните работи“ и да ги ставиме на врвот од нашата листа на приоритети (Фил. 1:10, НС). Една двојка го опишала своето теократско домаќинство на следниов начин: „Ние ги исполнуваме нашите животи со вистината . . . Вистината не е дел од нашиот живот, таа е наш живот. Сѐ друго се врти околу неа“. Да се стави Јеховиното обожавање и служба на прво место во животот е неопходно.

3 Идентификувај ги расипниците на времето: Во седмицата има 168 часа, а ние треба мудро да го употребиме нашето расположливо време. За да имаме доволно време за теократските активности, треба да ги идентификуваме и да ги намалиме расипниците на времето. Една анкета открила дека просечниот возрасен човек во Соединетите Држави поминува повеќе од 30 часа седмично во гледање ТВ! Други, пак, трошат многу време на читање световна литература. Некои можеби ќе увидат дека посветуваат прекумерен износ време на друштвени активности, хоби, рекреација или некој вид компјутерска активност. Можеби треба да направиме внимателен преглед на нашата секојдневна рутина за да видиме како би можеле подобро да го користиме нашето време. Мудроста бара да си поставиме граници во врска со тоа колку време ќе си дозволиме за неважни активности.

4 Развивај добра рутина: Какви и да се нашите лични околности, секој од нас може да си откупи време за духовни активности. Некои увиделе дека ако започнуваат секој ден малку порано, тоа им помага да постигнат повеќе. Ако поминуваме многу време патувајќи до работа или чекајќи ги другите, би можеле да искористиме нешто од тоа време за читање на Библијата, за подготвување на состаноци или за слушање на материјалот кој го обезбедува Заедницата на аудиокасети. Семејствата ќе извлечат голема корист ако си постават редовно, определено време за да проучуваат заедно. Ако секој член на семејството точно доаѓа на семејната студија, тоа на секого му дава малку дополнително време.

5 Со секој изминат ден треба да стануваме сѐ подлабоко свесни дека „преостанатото време е скратено“ (1. Кор. 7:29, НС). Нашите животи зависат од тоа како го користиме драгоценото време кое преостанува. Ќе бидеме благословени ако го откупуваме поволното време за да можеме да ги задржиме интересите на Царството на прво место! (Мат. 6:33).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели