ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 9/05 стр. 1
  • Користи го мудро своето време

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Користи го мудро своето време
  • Нашата служба за Царството 2005
  • Сличен материјал
  • Задржи ја рекреацијата на исправно место
    Нашата служба за Царството 2001
  • Како да го откупиме поволното време
    Нашата служба за Царството 1996
  • Како да избереме добра разонода?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2011
  • Што ти е на прво место?
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Нашата служба за Царството 2005
km 9/05 стр. 1

Користи го мудро своето време

1 Нашата желба да му угодиме на Јехова нѐ мотивира да го сосредоточиме нашиот живот на духовните активности. Неговата Реч нѐ советува да ‚продолжиме да го бараме најнапред царството‘ и ‚да се увериме во поважните работи‘ (Мат. 6:33; Фил. 1:10). Како можеме да си откупиме време за интересите на Царството и да ги држиме помалку важните работи на свое место? (Ефеш. 5:15-17).

2 Стави ги активностите на Царството на прво место: Планирај си го времето така што нема да го трошиш на неважни работи. Некои уште на почетокот од месецот си забележуваат на својот календар кога ќе одат во службата на теренот. Потоа внимаваат да не дозволат други работи да им се мешаат во тие планови. Истото можеме да го направиме во врска со времето за состаноците, личната студија и конгресите. Многумина имаат дневен распоред што започнува или завршува со читање на Библијата. Испланирај си конкретно време за секоја важна активност и не дозволувај други работи непотребно да те попречуваат во тоа (Проп. 3:1; 1. Кор. 14:40).

3 Користи го светот во ограничена мера: Во некои земји лесно може да се дојде до спорт, забава, рекреација, хоби и слични работи. Многумина трошат многу време гледајќи телевизија или користејќи компјутери. Меѓутоа, ако сме презафатени со слободните активности и најновите апарати што ги нуди овој свет, тоа сигурно ќе нѐ води во разочарување (1. Јов. 2:15-17). Затоа, Светото писмо нѐ поттикнува да не го користиме светот во потполност (1. Кор. 7:31). Со тоа што ќе го послушаш тој мудар совет можеш да му покажеш на Јехова дека неговото обожавање е на прво место во твојот живот (Мат. 6:19-21).

4 Преостанатото време за сегашниов систем е при крај. Оние што ги ставаат интересите на Царството на прво место ќе бидат среќни и ќе ја добијат Божјата наклоност (Посл. 8:32-35; Јак. 1:25). Затоа, мудро да го користиме нашето време, кое е многу скапоцено.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели