Направи повторни посети секаде каде што си оставил брошура
1 Апостол Павле ги пофалил Филипјаните поради тоа што ‚повторно мислеле на него во негова корист‘ (Фил. 4:10, НС). Ако го користиме нивниот пример како образец за службата на проповедање, ‚повторно ќе мислиме‘ на оние на кои сме им посведочиле и брзо ќе направиме повторни посети.
2 Можеш да го употребиш следниов пристап за да направиш повторна посета кај лице кое ја зело брошурата „Кога ќе умре некој што го сакаш“:
◼ „Направив посебни напори за да дојдам повторно заради нашата дискусија во врска со загубата на некој поради смрт.“ Покажи ја илустрацијата на 30. страница додека велиш: „Се сеќавате ли на оваа сцена на среќни луѓе кои се воскреснати и повторно обединети со своите сакани? Застанавме на прашањето: Каде ќе се случува тоа, на небото или на Земјата? Можеби сте го нашле библискиот одговор на 26. страница од оваа брошура“. Дискутирај за главните мисли од третиот до петтиот пасус, и прочитај Јован 5:21, 28, 29. Ако дозволува времето, прочитај некој од преостанатите стихови на таа страница.
3 Дали си започнал студија со „Гледај! Сѐ ново создавам“? На повторната посета можеш да го сториш следново:
◼ Осврни се повторно на 30. страница и укажи на прашањето: „По што се истакнува Библијата?“ Сврти на 3. и 4. страница и разгледај ги пасусите 1–4, како и илустрациите на корицата на брошурата. Прочитај еден до два библиски стиха наведени во фуснотата за 4. пасус. Објасни дека Библијата е единствената книга која дава таква прекрасна надеж. Договори се за својата следна посета. После третата посета, ако ти се чини дека студијата ќе продолжи, можеш да почнеш да известуваш нова студија!
4 Дискусијата за „Божјето име е вечно“ можеш да ја продолжиш на следниов начин:
◼ „Претходниот пат Ви го покажав Божјето име во Библијата. Познавањето и користењето на името Јехова е суштински дел од нашето обожавање.“ Сврти на 31. страница, разгледај ги главните мисли во последните четири пасуси и прочитај ги Јован 17:3 и Михеј 4:5. Објасни дека ние имаме програма за библиска студија која може да ни покаже како ќе биде посветено Божјето име на исправен начин и како можеме да ги уживаме благословите од рајската Земја.
5 Така, повторно мисли во корист на оние со кои контактираш. Биди истраен во правењето повторни посети и подготви нешто корисно што ќе им го пренесеш. Ќе можеш навистина ‚да дадеш плод‘ во правењето нови ученици (Мат. 13:23).