Успешните повторни посети изискуваат делотворно поучување
1 Повторните посети претставуваат важен и радосен дел од нашата служба на подрачјето. Зошто треба марливо да ги посетуваме заинтересираните луѓе? Преку ова дело на правење ученици се објавува Јеховиното име и му се оддава чест истовремено, а на богобојазливите им се помага да го најдат патот до животот (2. Кор. 2:17–3:3). Свесноста дека во прашање се и посветувањето на Јеховиното име и животот на другите, треба да нѐ наведе добро да се подготвиме пред да појдеме на посета.
2 Добриот учител ќе му помогне на ученикот да гради врз основата која е веќе поставена. Исто како што еден учител во училиште гради врз знаењето кое учениците го стекнувале од ден на ден, така и нам треба да ни биде навика да ја следиме нашата прва посета со натамошни коментари на истата тема. Ова придонесува за континуитет на мислите и за прогресивно размислување.
3 Кога ќе дојдеш повторно таму каде што си ја оставил брошурата „Се грижи ли Бог навистина за нас?“, можеби ќе сметаш дека е делотворно следново:
◼ „Кога Ве посетив минатиот пат, дискутиравме за ‚последните денови‘ споменати во Библијата и за нивното значење за нас денес. Можеби се прашувате како знаеме дека живееме во последните денови (2. Тим. 3:1). Исусовите апостоли биле желни да го добијат одговорот на ова прашање. [Прочитај Матеј 24:3.] Во својот одговор, Исус ги опишал условите што ги гледаме околу нас денес. Тука спаѓаат досега невидените неволји и насилство.“ Укажи на едно обележје на знакот што е разгледано во 3. и 4. пасус на 20. страница. Ако реакцијата е поволна, укажи на други обележја на знакот, во пасусите 5-8 на истата страница. Предложи да дојдеш повторно и да одговорите на прашањата што се поставуваат на насловната страница од брошурата.
4 За да го следиш интересот за брошурата „Која е смислата на животот? — Како да се пронајде?“, можеш да речеш:
◼ „Со нетрпение очекував да го продолжиме нашиот разговор за смислата на животот. Мислам дека обајцата се слагаме дека Бог сакал да живееме на Земјата во среќни и мирољубиви услови наместо во метежот што го доживуваме денес. Што мислите, ќе го исполни ли тој своето ветување?“ Дозволи одговор. Прочитај Исаија 55:11, а потоа дискутирајте за мислите од 25. до 27. пасус на 30. страница. Препорачај ја личната библиска студија како најдобар начин да се пронајде корисната смисла на животот.
5 За да го следиш претходнопокажаниот интерес за брошурата „Радувај се на животот засекогаш на Земјата!“, можеш повторно да ја покажеш и да речеш:
◼ „Зборувавме за прекрасниот свет што е насликан на кориците од оваа брошура. Би сакал да ви кажам зошто верата во Исус Христос е толку важна за луѓето кои сакаат да живеат во тој свет.“ Сврти кај слика 41 и прочитај Исаија 9:6. Осврни се на слика 62 и прочитај Јован 3:16, нагласувајќи ја потребата од послушност. Објасни дека Јеховините сведоци им помагаат на луѓето да научат како да покажуваат вера преку проучувањето на Библијата и со настојувањето да живеат според нејзините совети.
6 После секоја повторна посета, анализирај ја посетата со цел да ја поправиш својата делотворност. Прашај се: Имав ли на ум нешто конкретно да кажам? Дали го сосредоточував вниманието на Библијата? Дали градев врз темелот што беше поставен на првата посета? Дали мојата презентација беше осмислена за да води до библиска студија? Позитивните одговори се доказ дека се стремиш да бидеш добар учител на Божјата Реч.