ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/95 стр. 7
  • Прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Прашања
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1999
  • Уште сега подготви се за итна медицинска интервенција
    Нашиот живот и служба како христијани — работни листови (2023)
  • Цени го животот како подарок од Бог
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2023
  • Дали одложуваш?
    Нашата служба за Царството 2008
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 12/95 стр. 7

Прашања

◼ Како можат сите да помогнат за состаноците да не го пречекорат одреденото време?

Состаноците на собранието треба да се водат на еден уреден начин, при што секоја работа треба да си биде на свое место, „пристојно и уредно“ (1. Кор. 14:40, НС). Ова вклучува состаноците да се одржуваат во рамките на назначените временски граници.

Секој може да помогне со тоа што ќе дојде рано и ќе седне пред да почне програмата. Сите состаноци треба да почнуваат навреме. Соодветното временско усогласување на самата програма започнува со адекватна подготовка. Од помош е кога говорите и приказите се внимателно извежбани. Кога е потребно да се вклучат посебни писма или извештаи, временските расподелби можат однапред да се прилагодат. Честопати се непотребни опширни и повторувани известувања. На браќата кои го пречекоруваат времето што е одредено за нивните задачи на Состанокот за служба, може да им се даде соодветен совет. Водителот на студијата на Стражарска кула обично ќе утврди дека е најдобро да го подели материјалот што треба да се помине, определувајќи колку време треба да се одреди за секој дел и потоа строго да се држи за тоа во текот на студијата. Своите коментари може да ги изнесува во кратки црти. Коментарите од присутните обично се најдобри кога се кратки и прецизни.

Во Теократската школа за проповедање, говорите на учениците може да бидат прекинати веднаш штом одреденото време ќе истече. Ако говорниците кои го имаат уводниот говор го пречекорат времето, тие можат да бидат советувани насамо. Надгледникот на школата може да помогне со тоа што неговите забелешки ќе бидат умерено кратки и советот за говорот на ученикот ќе го ограничи на две минути. Кога сите соработуваат, состаноците обично можат да се одржат во рамките на одреденото време.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели