ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 12/95 стр. 2
  • Направи го видлив твојот напредок

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Направи го видлив твојот напредок
  • Нашата служба за Царството 1995
  • Сличен материјал
  • Биди прогресивен — напредувај
    Извлечи корист од образованието во Теократската школа за служба
  • Млади — вашиот напредок нека биде видлив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Твојот напредок нека биде видлив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Нека твојот напредок биде видлив
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2001
Повеќе
Нашата служба за Царството 1995
km 12/95 стр. 2

Направи го видлив твојот напредок

1 Сети се на времето кога првпат си ја слушнал пораката за Царството. Едноставните вистини ја поттикнале твојата желба за спознание и разбирање. Наскоро си бил во можност да ја согледаш потребата да направиш прилагодувања во својот начин на живот бидејќи Јеховините патишта се многу повисоки од твоите (Иса. 55:8, 9). Си напредувал, си го предал својот живот и си се крстил.

2 Дури и откако си постигнал извесен духовен напредок, сѐ уште имало слабости кои морало да ги надминеш (Рим. 12:2). Можеби си имал страв од човек, што те направило да бидеш колеблив во поглед на службата на подрачјето. Или можеби си се чувствувал недостаточен во покажувањето на плодовите на Божјиот дух. Наместо да се воздржуваш, ти си решил да напредуваш со тоа што си си поставил теократски цели.

3 Можеби поминале неколку години откако си го извршил своето предание. Каков напредок можеш да видиш кај себе кога ќе се осврнеш наназад? Дали си достигнал некои од своите цели? Ја имаш ли истата ревност што си ја ‚имал на почетокот‘? (Евр. 3:14). Тимотеј веќе бил зрел христијанин со долгогодишно искуство кога Павле го поттикнал: „Размислувај за овие работи, задлабочи се во нив, за твојот напредок да се покаже пред сите [луѓе]“ (1. Тим. 4:15, НС).

4 Потребно е лично преиспитување: Кога размислуваме за нашиот изминат пат, дали забележуваме дека и понатаму имаме некои од слабостите што сме ги имале на почетокот? Дали не сме успеале да достигнеме некои од целите што сме си ги поставиле? Ако да, тогаш зошто? Иако сме имале добри намери, ние можеби сме одолжувале. Можеби сме дозволиле да нѐ попречат грижите на животот или притисоците на овој систем (Лука 17:28-30).

5 Додека за минатото не можеме да сториме баш многу, во врска со иднината сигурно можеме да сториме нешто. Можеме да си направиме една искрена проценка на самите себе, утврдувајќи каде сме недостаточни, а потоа да вложиме концентриран напор да се поправиме. Можеби ќе треба да се поправиме во покажувањето на плодовите на Божјиот дух, како што се самосовладувањето, кротоста и долготрпеливоста (Гал. 5:22, 23). Ако имаме проблеми во односите со другите или да соработуваме со старешините, важно е да негуваме понизност и скромност (Фил. 2:2, 3).

6 Дали можеме да го направиме нашиот напредок видлив со тоа што ќе се стремиме кон предности во службата? Со додатен напор браќата можат да бидат оспособени како слуги помошници или старешини. Некои од нас можеби ќе бидат во состојба да се пријават како општи пионери. За многумина други, помошната пионерска служба може да биде достижна цел. Трети, пак, може да се стремат да ги подобрат своите навики на лична студија, да станат поактивни учесници на собраниските состаноци или да бидат попродуктивни како собраниски објавители.

7 Секако, секој мора сам да одлучи во што треба да напредува. Можеме да бидеме сигурни дека нашиот искрен напор да „се стремиме кон зрелост“ многу ќе придонесе за нашата радост и ќе нѐ направи попродуктивни членови на собранието (Евр. 6:1, НС).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели