Принесувај света служба дење и ноќе
1 Нам ни е дадена една извонредна предност. Тоа е предноста да бидеме сведоци на Јехова. Ние сме дел од една светска организација на евангелизатори што Јехова ги употребува за да се изврши најголемото дело на објавување на Царството што некогаш било преземено! (Мар. 13:10). Со оглед на итноста на нашиве времиња, дали ние учествуваме во ова дело најмногу што можеме?
2 Не знаеме колкумина на крајот ќе одговорат на нашето проповедање. Јехова нѐ уверува дека тоа ќе биде едно „големо мноштво“, кое ќе се препознава по тоа што „Му служат [му принесуваат света служба, НС] . . . дење и ноќе“ (Откр. 7:9, 15). Преку петте милиони Сведоци кои веќе се зафатени во Божјата служба, не се само заинтересирани слушачи ниту, пак, само присуствуваат на состаноци. Тие се работници кои низ целиот свет ја објавуваат добрата вест!
3 Секој ден имаме прилики да го фалиме Јехова, како во службата на подрачјето така и неформално. Помисли само на огромното сведоштво што може да се даде ако секој од нас преземе иницијатива секој ден да ја пренесе вистината барем на едно лице. Нашето ценење кон Јехова би требало да нѐ поттикне воодушевено да зборуваме за него (Псал. 91:1, 2).
4 Помогни им на другите да принесуваат света служба: Јехова и понатаму нѐ благословува со пораст (Агеј 2:7, НС). Во текот на минатата службена година во Македонија, секој месец беа водени просечно по 486 домашни библиски студии. Додека проучуваме со овие луѓе, наша цел е да им помогнеме да станат Исусови ученици (Мат. 28:19, 20). Многумина од нив веќе добро напредувале благодарение на редовното присуствување на состаноците. На своите познаници почнале да им зборуваат „за големите дела Божји“ што ги научиле (Дела 2:11). Дали сега може да бидат повикани да учествуваат во јавната служба?
5 Во текот на април треба да вложуваме посебен напор за да ги повикаме новите кои ги исполнуваат условите, да ни се придружат во службата на подрачјето. Дали оној со кој проучуваш изразил желба да го прави тоа? Ако да, дали ги исполнува библиските барања? (Види ја книгата Наша служба, страници 97-99.) Ако оној со кој проучуваш има желба да учествува во службата на подрачјето, разговарај за неговите изгледи заедно со претседавачкиот надгледник, кој ќе направи подготовка двајца старешини да го утврдат тоа. Ако оној што проучува ги исполнува условите да биде признат за некрстен објавител, повикај го да ти се придружи на подрачјето. Особено надгледниците за служба и водителите на студија на книга треба да бидат свесни дека мора да им помогнат на оние кои можеби ги исполнуваат условите за да започнат со делото на објавување во април.
6 Родителите би можеле да размислат дали нивните деца ги исполнуваат условите за да станат некрстени објавители (Псал. 148:12, 13). Ако твоето дете има желба да учествува во службата за Царството и ако има добро однесување, тогаш ти би можел да му пристапиш на еден од старешините од службениот одбор за да дискутирате за таа работа. Откако ќе се состанат со тебе и со детето, двајца старешини ќе утврдат дали тоа ги исполнува условите за објавител. Кога децата ни се придружуваат во фалбата на Бог, имаме посебна причина за радост!
7 Само Јехова е достоен за нашата света служба (Лука 4:8). Секој од нас нека ја користи прекрасната предност да го фалиме „многу“ (Псал. 108:30; 112:3).