Пронајди ги оние кои се исправно настроени
1 Една од целите на делото на проповедање е да ги пронајдеме оние кои се „исправно настроени за вечен живот“ (Дела 13:48, НС). Дистрибуирањето на списанијата Стражарска кула и Разбудете се! се покажало како еден одличен начин за да се изврши тоа, бидејќи нашите списанија ги прават луѓето свесни за надежта на Царството. Во текот на април ќе ставиме акцент на списанијата. Се надеваме дека онаму каде што ќе пронајдеме интерес, ќе можеме да започнеме нови библиски студии со книгата Спознание кое води до вечен живот. Еве некои предлози кои би можеле да бидат делотворни за тебе:
2 Кога ја користиш „Стражарска кула“ од 1 април, би можел да ја истакнеш статијата „Фалете го царот на вечноста!“, која се сосредоточува на јавното предавање од минатогодишниот Обласен конгрес, и да речеш:
◼ „Многу луѓе со кои разговараме имаат вера во Бог. На други им е тешко да веруваат во него. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] Опкружени сме со опиплив доказ кој покажува дека мора да постои Бог. [Прочитај Псалм 103:24.] Кога ќе видиме фото-апарат или компјутер, спремно признаваме дека нив мора да ги произвел некој интелигентен конструктор. Дали би било разумно да се рече дека некои многу покомплицирани работи, како што е Земјата и ние луѓето, настанале случајно?“ Употреби еден пасус од статијата за да дадеш една здрава причина за вера во Бог. Ако е покажан интерес, понуди ги списанијата.
3 „Стражарска кула“ од 15 април ја истакнува статијата „Зошто вистинското обожавање добива Божји благослов“. Пред да ја презентираш, би можел да прашаш:
◼ „Со оглед на стотиците религии кои постојат во светот, дали мислите дека сите тие би можеле да му бидат прифатливи на Бог? [Дозволи коментар.] Исус прорекол дека, и покрај она што го тврдат многу религиозни луѓе, оние коишто не ја извршуваат Божјата волја ќе бидат отфрлени. [Прочитај Матеј 7:21-23.] Важно е да ја препознаеме вистинската религија за која поучувал Исус“. Сврти на поднасловот „Каков плод мора да даде вистинската религија“, на 16. страница, и разгледај еден пример за да ја илустрираш темата.
4 Кога ќе ја презентираш главната тема на „Разбудете се!“ од 8 мај, „Кога повеќе нема да има војни“, можеби ќе сакаш да кажеш:
◼ „Во овој век имало стотици војни, вклучувајќи и две светски војни. Сепак, речиси сите светски лидери велат дека сакаат мир. Секој што го познавам го вели истото. Штом секој сака мир, зошто не можат да го постигнат?“ [Дозволи одговор.] Што мислите, што е потребно за да дочекаме вистински мир на Земјата? Откако станарот ќе одговори, сврти на страници 8 и 9 и прочитај ги стиховите како што е Псалм 45:8, 9. Употребувајќи ги сликите и цитираните стихови, покажи како низ целиот свет Божјето Царство ќе донесе мир кој ќе трае вечно. Потоа прашај го станарот дали сака да го прочита списанието и договори да навратиш повторно.
5 Ако наидуваш на многумина кои велат дека се зафатени, би можел да се обидеш со следново:
◼ „Ние сме заинтересирани да им помогнеме на луѓето кои се доста зафатени во животот и кои не наоѓаат многу време за да размислуваат за духовната страна на животот. Нашите списанија, Стражарска кула и Разбудете се!, наменети се да дадат кратки информации за важни прашања кои се однесуваат на Вас и Вашето семејство. Би сакал да Ви ги оставам овие примероци за да ги прочитате“.
6 На оние што ги прифаќаат списанијата, погрижи се да им дадеш можност да приложат за нашето светско дело. Сигурно дека тие ќе извлечат корист од читањето на Стражарска кула и Разбудете се!, кои носат „добра вест за нешто подобро“ (Иса. 52:7, НС).