„Верата доаѓа од слушање“
1 Кога ќе пронајдеме некој кој е ‚исправно настроен за вечен живот‘, потребно е да ја зајакнеме неговата вера во она што го слушнал (Дела 13:48, НС; Рим. 10:17). За таа цел треба да ги посетиме местата каде што сме оставиле списанија и повторно да навратиме за да ги донесеме последните изданија и да разговараме повеќе. Меѓутоа, имај ја на ум целта да започнеш студија со книгата Спознание кое води до вечен живот. Еве некои предлози што би можеле да ти бидат од помош:
2 Кога правиш повторна посета онаму каде што си дискутирал за статијата „Фалете го царот на вечноста!“, би можел да започнеш вака:
◼ „Кога разговаравме минатиот пат, разгледавме дел од изобилството докази кои покажуваат дека постои семоќен Бог. Меѓутоа, не е доволно само да се биде свесен за неговото постоење. Треба да го знаеме неговото име. Со кое име го нарекувате Бог? [Дозволи одговор.] Милиони луѓе едноставно го нарекуваат ‚Господ‘ или ‚Бог‘, но тоа се само безлични титули. Освен тоа, тој сака ние да го знаеме по име. [Прочитај Осија 12:5.] Библијата ни кажува многу повеќе за Јехова Бог, како што е објаснето во оваа книга“. Покажи ја сликата на страница 29 од книгата Спознание и прочитај го текстот под неа. Откако ќе ги продискутираш првите три пасуса од 3. поглавје, ти веќе си започнал студија!
3 Кај оние со кои си ја разгледал статијата „Зошто ќе престане да постои светската религија“, можеби ќе сакаш да го следиш интересот, велејќи:
◼ „Откако ја прочитавте статијата, можеби бевте импресионирани од фактот дека не можеме на сите религии да гледаме на ист начин. Постои вистинска религија, но и лажни религии. Ова го наметнува логичното прашање: ‚Чие обожавање е прифатливо за Бог?‘ Одговорот го дал Исус и тој е истакнат во оваа книга“. Сврти на 5. поглавје од книгата Спознание и прочитај го 4. пасус, вклучувајќи го и Јован 4:23, 24. Потоа прашај: „Дали би сакале да прифатите бесплатна домашна библиска студија?“ Ако одговорот е позитивен, сврти на 1. поглавје и започни со студијата.
4 Ако бил покажан интерес за „Разбудете се!“ од 8 мај, кога ќе навратиш повторно би можел да се обидеш со овој пристап за да започнеш студија со книгата „Спознание“:
◼ Можеби се сеќавате дека разговаравме за нашите изгледи конечно да видиме еден свет без војни. Тешко е да се замисли како навистина би изгледало тоа. Еве една уметничка претстава за тоа. [Покажи ја сликата на страници 188 и 189 од книгата Спознание.] Зарем не би претставувало задоволство кога би можело да се ужива во една ваква околина? [Сврти на страници 4 и 5, покажи ја сликата и прочитај ја рамката.] Насловот на оваа книга е сличен на Исусовите зборови што се наоѓаат во Јован 17:3. [Прочитај.] Ако дозволите, би сакал да Ви покажам како може да ја користите оваа книга заедно со Вашата Библија за да го пронајдете тоа животоспасувачко спознание“. Ако сака станарот, започни студија со првото поглавје.
5 Ако си стапил во контакт со некој кој бил зафатен кога си дошол првиот пат, кога ќе навратиш повторно би можел да го речеш следново:
◼ „Неодамна Ве посетив и Ви оставив некои примероци од списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Овие списанија изградуваат почитување за Библијата и за нејзиното морално водство. Бидејќи сметам дека е неопходно секој да ја разбере Божјата Реч, дојдов повторно за да Ви покажам нешто што ќе Ви помогне во тоа“. Претстави ја книгата Спознание и посочи на содржината на 3. страница. Прашај кое поглавје најмногу го интересира сврти кај него и започни студија.
6 Нашата радост ќе биде голема ако можеме ‚да им ја отвориме на другите вратата на верата‘ која води до вечен живот (Дела 14:27; Јован 17:3).