Дали ќе работиш на недоделено подрачје?
Ако сакаш оваа година да работиш на некое недоделено подрачје, те молиме контактирај со канцеларијата на Бетелот за да добиеш упатства. Во подготовката на плановите, од помош ќе ти бидат следниве информации: Наместо да употребуваш џебни брошури или брошури како главна понуда, би можел да ги користиш книгите: И ти можеш засекогаш да живееш во Рајот на Земјата, Животот — Како настанал? Преку еволуција или преку создавање?, Најголемиот човек кој некогаш живеел или Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог. Ако ги немаш на залиха овие книги, веднаш нарачај го она што ти е потребно за да работиш на недоделено подрачје.