Имаш ли свое подрачје?
1. Што се смета за твое подрачје?
1 Твое подрачје е она што ти е доделено тебе. Тоа може да се наоѓа близу до твојот дом за да можеш брзо да стигнеш до него и да проповедаш сам или со друг објавител. Иако е добро, кога е можно да се поддржува сведочењето како група што го организира собранието, сепак, ако објавителите имаат свое подрачје на кое ќе одат во друго време, тоа може да им помогне да сведочат темелно, особено во собранијата што имаат големо подрачје (Дела 10:42).
2. Зошто е корисно да имаме свое подрачје?
2 Зошто е корисно: Некои сфатиле дека е добро да проповедаат и на своето подрачје кое се наоѓа близу до работното место, и тоа за време на паузата за ручек или веднаш по работата. Други, пак, заедно со семејството проповедаат во соседството, околу еден час пред Собраниското проучување на книга. На тој начин, луѓето што ќе сакаме повторно да ги посетиме или да проучуваме со нив, ќе бидат во близина, со што најдобро ќе ги искористиме нашиот труд, времето и средствата. Бидејќи со проповедање на своето подрачје може да се постигне повеќе за помалку време, некои ќе бидат во можност одвреме-навреме да служат како помошни пионери или дури да започнат со општа пионерска служба. Освен тоа, кога проповедаме на свое подрачје и се запознаваме со станарите, тогаш можеме полесно да ја стекнеме нивната доверба и да ги приспособиме презентациите спрема нивните грижи, со што нашата служба ќе биде многу поделотворна.
3. Какво искуство имала една пионерка која зела подрачје?
3 Една пионерка, која била поттикната од покраинскиот надгледник да си земе подрачје, кажува: „Го прифатив овој совет и наскоро добро се запознав со станарите на моето подрачје и стекнав пријателски однос со нив. Ги посетував во време што им одговараше. Како резултат на тоа, бројот на моите повторни посети се зголеми од 35 на повеќе од 80 месечно, и со седум лица ја проучувам Библијата“.
4. Како можеш да добиеш подрачје и да го обработиш?
4 Како да добиеш подрачје: Ако сакаш да имаш свое подрачје, обрати се на братот што се грижи за подрачјата. Можеш слободно да се договориш со некој објавител да одите во служба. Води забелешки за местата каде што нема никој дома. Треба да се обидеш да го обработиш подрачјето во рок од четири месеци. Ако имаш тешкотии да го постигнеш тоа, можеш да го замолиш твојот надгледник за Собраниско проучување на книга или некој друг да ти помогнат. На крајот од четирите месеци, можеш да го вратиш обработеното подрачје или да го побараш повторно. Меѓутоа, не треба бесконечно да задржуваш исто подрачје, туку треба да го вратиш за да можат и други да го добијат. Ако вашето собрание има мало подрачје и ако не е можно да добиеш свое, би можел да побараш еден дел од подрачјето што го има твојот надгледник за проучување на книга.
5. Што е потребно за да го исполниме нашиот налог да проповедаме?
5 Нашиот налог да проповедаме „по целиот свет“ е огромна задача (Мат. 24:14). За тоа е потребна добра соработка. Ако покрај сведочењето како група проповедаме и на свое подрачје, ќе можеме да им ја пренесеме добрата вест на колку што е можно повеќе луѓе.