ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/00 стр. 2
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Имаш ли свое подрачје?
    Нашата служба за Царството 2006
  • Зошто е добро да имаш свое подрачје?
    Нашата служба за Царството 2013
  • Како да се проповеда на деловно подрачје?
    Нашата служба за Царството 2004
  • Мапи кои ги задоволуваат вашите потреби
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 8/00 стр. 2

Рубрика прашања

◼ Дали собранието треба да има изложено голема карта на подрачјето во Салата на Царството?

Да, на еден ѕид во Салата на Царството треба да биде изложена голема врамена карта на подрачјето. Таа не треба да се постави на огласната табла. На неа треба да се гледаат целосните граници на подрачјето што му е доделено на собранието и границите на секое поединечно подрачје заедно со бројот на доделба. Треба да бидат обележани границите на подрачјето на секое собрание што ја користи истата Сала на Царството. Тоа ќе им помогне и на објавителите и на новозаинтересираните да одредат во кое собраниско подрачје живеат. Тоа што на картата ќе бидат покажани и локациите на Собраниска студија на книга, ќе им помогне на сите да ја пронајдат студијата на книга каде што се доделени. На картата треба постојано да се внесуваат најнови податоци.

Изложувањето на таква карта служи како потсетник за сите објавители дека, ако е можно, би било добро секој да има свое доделено подрачје. Картата ќе биде корисна за оние кои сакаат да си одберат подрачје во близината каде што живеат. Понекогаш може да заштеди време на состаноците за служба, овозможувајќи му на водителот брзо да ја упати секоја група до подрачјето каде што е доделена да работи.

Картата служи и како доказ дека собранието е организирано темелно да ја проповеда пораката за Царството на доделеното подрачје (Лука 9:6).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели