ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/96 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1996
  • Сличен материјал
  • Еден прогресивен поглед на итното дело на правење ученици
    Нашата служба за Царството 1998
  • Како да се прават ученици со книгата Спознание
    Нашата служба за Царството 1996
  • Рубрика прашања
    Нашата служба за Царството 1996
  • Како да им помогнеме на оние со кои проучуваме да се крстат (втор дел)
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2020
Повеќе
Нашата служба за Царството 1996
km 10/96 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Колку долго би требало со некој поединец да се води една формална библиска студија со книгата Спознание?

Јехова ја благословува неговата организација денес. Доказ за ова гледаме секоја година додека илјадници нови лица заземаат став за вистината. Книгата Спознание се докажува како делотворна алатка за да се постигне тоа. Изданието на Стражарска кула од 15 јануари 1996, истакна дека оваа книга е наменета за да му помогне на библискиот ученик прилично брзо духовно да напредува до степенот на крштавање, можеби за неколку месеци.

Од таа причина, истата Стражарска кула, на страница 17, советуваше: „Откако еден поединец ја завршил својата библиска студија со книгата Спознание и се крстил, можеби нема да биде потребно да се води со него формална студија со втора книга“.

Што е со она лице кое не се крстило откако ја завршило книгата Спознание? Наша служба за Царството од јуни 1996, страница 6, пасус 23, нѐ потсети на поентата на која се укажа во Стражарска кула, во врска со тоа да не се проучуваат додатни книги со истиот ученик откако ќе се заврши книгата Спознание. Дали тоа значи дека ние не сме заинтересирани да му помогнеме на еден библиски ученик после тој степен? Не. Ние сакаме луѓето да добијат основно спознание за вистината. Меѓутоа, се очекува дека за релативно краток временски период, еден делотворен учител ќе може да му помогне на еден искрен просечен ученик да стекне доволно спознание за да донесе разумна одлука да му служи на Јехова. Можеби поради нивните лични околности, некои библиски ученици дури ќе сакаат да проучуваат повеќе од еднаш седмично.

Како што е познато, некои ученици ќе напредуваат побавно од други. Но, ако после проучувањето на книгата Спознание, кое можеби траело повеќе отколку што е нормално случај, лицето не заклучило дека сака да се поврзе со собранието, објавителот би направил добро ако дискутира за ситуацијата со еден од старешините од Службениот одбор на собранието. Ако се вклучени оправдани или необични околности, можеби ќе биде оправдана некаква понатамошна помош. Ова е во склад со начелото на она што е наведено во пасуси 11 и 12, на страница 17 од Стражарска кула од 15 јануари 1996.

Ценењето за примањето дури и на основното спознание на вистината, би требало да го мотивира ученикот да присуствува на христијанските состаноци. Ова би можело да го наведе ученикот да даде некаков јасен доказ за неговата желба да му служи на Јехова. Ако такво духовно ценење не е очигледно откако за еден подолг период била водена студија со книгата Спознание, можеби ќе биде препорачливо студијата да се прекине.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели