Работи го твоето подрачје темелно
1 Во станбените подрачја повремено наидуваме на мала деловна просторија, како што е колонијална продавница, ресторан или дуќан. Ако овие места треба да бидат опфатени заедно со останатиот дел од тоа подрачје, треба да ги посетиш исто како и зградите.
2 Можеш да употребиш едноставна, кратка презентација, можеби велејќи: „Имам нешто што би сакал да Ви покажам“. Ако изгледа дека сопственикот е зафатен во тој момент, би можел само да му понудиш трактат и да речеш: „Ќе наминам повторно кога нема да сте толку зафатени. Би сакал да знам што мислите Вие за ова“.
3 Нема потреба да чувствуваш страв во врска со вршењето на оваа гранка. Еден објавител известил: „Очекував дека одѕивот ќе биде негативен. Но, на мое изненадување, реакцијата кон пораката за Царството беше токму спротивна. Тие беа вистински учтиви и пријателски настроени, и скоро секогаш ги прифаќаа списанијата“.
4 Една жена која работи во компанија за недвижнини, ги поканила Сведоците во својата канцеларија. Ги прифатила списанијата и изразила интерес за да има библиска студија. Ѝ била покажана книгата Спознание и веднаш била започната студија, токму во нејзината канцеларија!
5 Задачата да го работиш твоето подрачје темелно, вклучува и посетување на поединците кои имаат деловни простории во соседството (Дела 10:42, НС). Планирај да ги посетиш тие врати исто како и приватните домови. Со тоа, не само што подобро ќе го опфатиш твоето подрачје туку можеби ќе бидеш и награден со некои восхитувачки искуства!