Помогни им на другите да најдат утеха
1 На многу луѓе им е здосадено од слушање за катастрофи, војни, криминал и страдање. Утехата, иако очигледно е отсутна од денешните новински извештаи, е нешто што навистина му е потребно на човештвото. Да се утеши значи „да се даде сила и надеж на“ и „да се ублажи тагата или неволјата на“ другиот. Како Јеховини сведоци, ние сме опремени да им помагаме на луѓето во тој поглед (2. Кор. 1:3, 4). Нашите брошури темелени на Библијата, кои ќе ги нудиме во јули и август, содржат утешителни пораки на вистината (Рим. 15:4). Еве некои предлози за тоа како да ги презентираме под различни околности:
2 Некоја трагична новинска приказна може да создаде можност да дадеш сведоштво и да им донесеш утеха на другите, можеби со тоа што ќе кажеш нешто како ова:
◼ „Кога се случуваат такви работи, некои се прашуваат дали Бог навистина постои и, ако да, дали тој се грижи за нас. Што мислите Вие? [Дозволи одговор.] Еден начин да се одреди дали постои Бог е да се примени едно добро установено начело“. Прочитај Евреите 3:4. Истакни други работи кои нѐ опкружуваат за кои очигледно бил потребен творец. Потоа продолжи: „Јас имам една брошура за која знам дека ќе Ви биде утешителна. Има наслов Се грижи ли Бог навистина за нас? [Прочитај ги прашањата на корицата.] Таа содржи уверлив доказ дека не само што Бог навистина постои туку дека тој наскоро ќе донесе и крај на сите неправедни околности со кои се соочуваме денес. Би сакале ли да ја прочитате?“ Направи подготовка да навратиш.
3 На повторната посета би можел да кажеш:
◼ „Кога Ви ја оставив брошурата Се грижи ли Бог навистина за нас? разговаравме во врска со доказот за Божјето постоење. Можеби на страница 7 ја забележавте оваа точка. [Покажи ја сликата и резимирај го пасус 15.] Тоа е само еден пример кој покажува дека навистина мора да постои грижлив Бог. [Прочитај го пасус 27 на страница 9.] Личното проучување на Библијата ми помогна да излезам накрај со секојдневните животни проблеми бидејќи таа го дава Божјето гледиште за работите“. Понуди да прикажеш студија.
4 Сведочењето по телефон може да биде извршено со употреба на брошурата „Која е смислата на животот — Како да се пронајде?“ Можеш да се претставиш и да кажеш:
◼ „Ви се јавувам со една важна порака бидејќи не можам да дојдам за да Ве видам лично“. Прочитај го првиот пасус на 4. страница од брошурата, правејќи го тоа природно, како да разговараш со поединецот лично. Прашај го што мисли и дозволи одговор. „Ја имам отворено мојата Библија кај Исаија 45:18. Овој стих покажува дека Земјата била создадена имајќи нѐ на ум нас. Може ли да Ви го прочитам тоа?“ После тоа, објасни ја целта на брошурата и прашај како би можел да му доставиш примерок.
5 При следниот повик, би можел да се обидеш да започнеш студија со овој пристап:
◼ „Би сакал да се надоврзам на нашиот последен разговор илустрирајќи кој е тој што може да ни ја каже смислата на животот. [Парафразирај ги пасусите 1 и 2 на страница 6 во брошурата Смислата на животот.] Откровение 4:11 објаснува дека Јехова Бог е нашиот Создател. [Прочитај.] Тој сигурно мора да имал причина зошто нѐ создал. Луѓето кои сакале да откријат која е таа причина, ја проучувале Божјата напишана Реч, Библијата. Би сакал да Ви ја понудам таа можност“. Објасни како се води нашиот бесплатен курс за домашна библиска студија и направи подготовки да ја започнеш студијата.
6 Овој позитивен пристап би можел да ги утеши оние кои доживеале смрт на некој сакан кој починал:
◼ „Јас извршувам јавна служба во корист на сите оние кои изгубиле некој сакан во смрт. Бидејќи тоа можеби е една од најтешките работи со која некогаш ќе мора да излезе накрај секој од нас, подготвена е оваа брошура Кога ќе умре некој што го сакаш. Таа им помогнала на милиони луѓе. Би сакал да Ви покажам што вели таа за возбудливото ветување кое го дал Исус Христос. [Прочитај го петтиот пасус на страница 26, вклучувајќи го и Јован 5:21, 28, 29.] Забележете ја оваа слика на страница 29 која го прикажува евангелскиот извештај за Исус кој вистински го подига Лазар од мртвите. Ако сакате да ја прочитате оваа утешителна брошура, ќе ми биде мило да Ви ја оставам“.
7 Кога навраќаш, би можел повторно да ја покажеш сликата на страница 29 од брошурата „Кога ќе умре некој што го сакаш“ и да кажеш:
◼ Сетете се на нашата дискусија за тоа како Христос го воскреснал Лазар. [Прочитај го текстот под сликата на страница 28 и разгледај го материјалот под поднасловот „Дали навистина се случило тоа?“] Доколку Вашето срце копнее да верува дека би можеле повторно да го видите саканиот кој починал, дозволете ми да Ви помогнам верата во воскресение да ја направите Ваша сопственост“. Понуди домашна библиска студија.
8 Да го правиме нашето најдобро во месеците кои се пред нас за да го имитираме Исус ‚утешувајќи ги сите оние кои тагуваат‘ (Иса. 61:2).