Состаноците поттикнуваат на добри дела
1 Две битни обележја на нашето обожавање се присуството на собраниските состаноци и учеството во службата на подрачјето. Двете одат рака под рака. Едното влијае врз другото. Христијанските состаноци поттикнуваат на добри дела, од кои најдобро е делото на проповедање на Царството и правење ученици (Евр. 10:4). Доколку престанеме да ги посетуваме состаноците, наскоро би можеле да прекинеме со проповедање бидејќи не би биле поттикнати да го правиме тоа.
2 На седмичните состаноци добиваме духовна поука која е наменета да нѐ мотивира да проповедаме. Пред нас се држи итноста на времето, што нѐ наведува да им ја носиме библиската животодајна порака на другите. Охрабрени сме и зајакнати да истраеме во делото на проповедање (Мат. 24:13, 14). Искористувајќи ги приликите да коментираме на состаноците, стануваме понавикнати да ја изразуваме својата вера пред другите (Евр. 10:23). Запишувајќи се во Теократската школа за служба, добиваме обучување да бидеме поделотворни министри и да ги подобруваме своите вештини на поучување (2. Тим. 4:2).
3 Како Состаноците за служба нѐ поттикнуваат да проповедаме: Сите ние сме охрабрени однапред да го прегледаме материјалот во Наша служба за Царството. Потоа, додека присуствуваме на Состанокот за служба и гледаме како презентациите се прикажуваат од подиумот, овие информации се всадуваат во нашите умови. Кога сме во службата на теренот, можеме да се вратиме со мислите на Наша служба за Царството, да се сетиме на презентациите што биле прикажани и на тој начин да дадеме поделотворно сведоштво. Тоа го искусиле многу објавители.
4 Како продолжение на Состаноците за служба, некои се договараат со другите да учествуваат заедно во службата. Објавителите ги имаат свежи во мислите точките за теренот и се стимулирани да ги пробаат, бидејќи овие состаноци ги охрабриле да имаат учество во делото на проповедање секоја седмица.
5 Не постои замена за нашите христијански состаноци, каде што се собираме со сообожавателите и сме поттикнати на добри дела. За да цвета нашата служба, мораме редовно да присуствуваме на собраниските состаноци. Нека сите ние покажуваме ценење за оваа прекрасна подготовка од Јехова, „не напуштајќи го своето собрание“ (Евр. 10:25).