ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/98 стр. 1
  • Дали август ќе биде ударен месец?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали август ќе биде ударен месец?
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Деветстотини!
    Нашата служба за Царството 1998
  • Теократски вести
    Нашата служба за Царството 1996
  • Дали си редовен објавител на Царството?
    Нашата служба за Царството 2000
  • Август — историски месец во кој ќе се проповеда како никогаш досега!
    Нашата служба за Царството 2014
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 8/98 стр. 1

Дали август ќе биде ударен месец?

1 1963 беше ударна година за Јеховиниот народ. Знаеш ли зошто? Тогаш бројот на објавители ширум светот достигна цифра од еден милион. Ако во тоа време ти беше во вистината, можеби се сеќаваш колку бевме возбудени што толку многу лица ја проповедаа пораката за Царството! Сега само во Соединетите Држави има толку објавители. Меѓутоа, секој месец има некои од нас кои не известуваат дека имале некакво учество во службата.

2 Прифати го предизвикот: Во текот на август настојуваме да достигнеме еден највисок број досега во Македонија — 900 објавители. Ако бидат успешни нашите напори, август навистина ќе биде ударен месец! Можеме да го постигнеме тоа ако секој од нас го направи својот дел.

3 Оние кои планираат годишен одмор можат да поминат некое време во службата пред да заминат. Понеси со себе трактати, брошури или списанија за да можеш да им дадеш сведоштво на луѓето што ќе ги сретнеш по патот. Исто така, онаму каде што ќе одиш ќе можеш да се радуваш на учеството во службата со локалните објавители.

4 Ако си онеспособен, сепак можеш да имаш учество во службата. Можеби ќе можеш да им сведочиш на лекари, медицински сестри или на оние кои ти доаѓаат на посета. Можеби ќе можеш да сведочиш преку писма или преку телефон.

5 Несомнено некои ќе ја ценат помошта при учеството во службата на теренот во текот на август. Старешините, слугите помошници и водителите на студии треба да направат подготовки да се обезбеди ваквата помош. Секако, не заборавај да го предадеш својот извештај од службата веднаш на крајот од месецот за да бидеш вброен како објавител во август.

6 Цени ја предноста: Службата е еден ‚добар залог‘ (2. Тим. 1:14). Ја цениме предноста што ни е дадена да ја проповедаме добрата вест (1. Сол. 2:4). Кога ќе размислиме за сѐ што направил Јехова за нас, треба да бидеме поттикнати да имаме постојано учество во ова толку важно дело во текот на целата година. Не треба да допуштиме што и да било да нѐ спречи редовно да проповедаме. Да го направиме овој август ударен месец во Јеховината служба и да бидеме одлучни да сведочиме за Него секој нареден месец! (Псал. 33:1).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели