Дали си редовен објавител на Царството?
1 Сите се израдувавме кога чувме дека во септември 1999, Македонија достигна највисок број од 971 објавител. Тоа навистина беше обединет и одлучен напор! Очигледно, во следните месеци, на некои од овие објавители им беше тешко да бидат редовни објавители на Царството, бидејќи во месец декември 1999, вкупниот број на оние што известија беше 931. Тоа покажува дека некои не известуваат дека учествуваат во службата секој месец. Сметаме дека следново охрабрување може да помогне да се поправи оваа ситуација.
2 Цени ја таа предност: Треба длабоко да ја цениме предноста што ја имаме да им ја пренесуваме на другите добрата вест за Царството. Оваа активност го радува Јеховиното срце и им помага на оние што се со искрени срца да го научат патот на животот (Изр. 27:11; 1. Тим. 4:16). Редовното сведочење го изградува нашето искуство во службата и создава чувство на радост и исполнетост.
3 Извести ја активноста: Некои кои учествуваат во службата на теренот, не ја известуваат навреме својата активност. Никогаш не треба да мислиме дека нашите напори не заслужуваат да бидат известени. (Спореди Марко 12:41—44.) По секоја цена треба да известиме што сме направиле! Ако имаш одредено систем за да го забележуваш времето што го минуваш во службата, како што е користење календар, тој ќе ти служи како постојан потсетник за да направиш точен извештај веднаш штом ќе заврши секој месец.
4 Дај ја потребната помош: Локалните подготовки можеби ќе треба да се подобрат за да им се помогне на оние кои имаат потреба за постојано да учествуваат во службата. Собранискиот секретар и водителите на студија на книга треба да направат подготовки за искусни објавители да понудат помош. Ако имаш деца или има други библиски студенти кои се некрстени објавители, научи ги да ја известуваат својата активност секој месец.
5 Сети се на животната приказна „Благодарна за долгиот живот во Јеховината служба“, во Стражарска кула од 1 октомври 1997. Сестра Отилија Мидленд од Норвешка станала редовен објавител на добрата вест пред да се крсти во 1921. По 76 години, на 99-годишна возраст, таа рекла: „Драго ми е што сѐ уште можам да бидам редовен објавител“. Тоа е извонреден став што треба да го имитираат сите Јеховини слуги!