ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/98 стр. 8
  • Сакам библиска студија!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сакам библиска студија!
  • Нашата служба за Царството 1998
  • Сличен материјал
  • Потребни се повеќе библиски студии
    Нашата служба за Царството 1998
  • Започнување студии со брошурата Бара
    Нашата служба за Царството 1999
  • Собери храброст да правиш повторни посети
    Нашата служба за Царството 1997
  • Книгата Што учи Библијата — главна публикација за проучување
    Нашата служба за Царството 2006
Повеќе
Нашата служба за Царството 1998
km 11/98 стр. 8

Сакам библиска студија!

1 Многумина од нас изразиле желба да имаат библиска студија и тоа со добра причина. Со водењето библиски студии ја постигнуваме нашата цел да правиме нови ученици (Мат. 28:19, 20). Па сепак, многумина од нас поминале месеци, можеби и години, без да ја искусат посебната радост што доаѓа кога некого го поучуваме за вистината. Што можеме да направиме во врска со ова во текот на ноември? Бидејќи овој месец се нуди книгата Спознание, можеме да вложиме посебен напор да ја користиме за да започнеме нови библиски студии.

2 Издвој еден или повеќе викенди: Го охрабруваме секого да издвои време овој месец да се сконцентрира на започнување нова библиска студија. Водителите на Собраниската студија на книга треба да издвојат викенди кои ќе се користат посебно за оваа цел и потоа да ги организираат своите групи да вложуваат заеднички напори во делото на повторни посети.

3 На овие состаноци за служба носи ги белешките за повторни посети. Потоа посети ги сите оние кои покажале интерес, кои зеле литература или присуствувале на состаноците. Секоја посета прави ја со посебна цел да започнеш студија.

4 Прикажи една библиска студија: На избрани состаноци за служба треба да се изнесе еден добро подготвен приказ кој покажува како да се започне студија на повторна посета. Би можел да речеш: „Многу луѓе имаат Библија, но не сфаќаат дека таа ги содржи одговорите на важни прашања со кои се соочуваме сите во животот. [Покажи ја содржината во книгата Спознание и прочитај ги насловите на поглавјата 3, 5, 6, 8 и 9.] Користејќи ја оваа помош за проучување отприлика по еден час седмично, можете да стекнете основно разбирање на Библијата за само неколку месеци. Доколку би сакале да изберете една од овие теми за дискусија, радо ќе Ви покажам како се одвива програмата“. Ако лицето се двоуми да проучува затоа што е многу зафатено, објасни дека ние имаме и една скратена програма. Воведи ја брошурата Бара и понуди да проучувате по една кратка лекција секоја седмица за 15—30 минути.

5 Ако сите вложуваме обединети напори да започнеме студии и ако се молиме за Јеховин благослов врз нашето настојување, сигурно ќе пронајдеме нови студии! (1. Јов. 5:14, 15). Доколку сакаш библиска студија, ова би можело да биде прилика да започнеш една.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели