Книгата Што учи Библијата — главна публикација за проучување
1 Колку беше возбудливо кога беше објавена новата книга Што навистина учи Библијата? на Обласниот конгрес „Послушни на Бог“! Делегатите со нетрпение чекаа да ја добијат оваа нова книга за проучување на Библијата во текот на новата службена година. Сега сме многу блиску до моментот кога ќе добиеме личен примерок од таа книга. Како ќе ја користиме? Наменета е да биде наше главно средство за проучување на Библијата. Иако новата книга прво ќе биде објавена како понуда на литература во март, објавителите се поттикнати да почнат да ја користат веднаш штом ќе ја добијат, за да започнуваат и да водат библиски студии.
2 Библиски студии што се во тек: Објавителите кои водат библиски студии со книгата Спознание или брошурата Бара, треба добро да проценат како и кога да почнат да ја користат новата книга во текот на студијата. Ако од неодамна сте започнале да проучувате, би можеле едноставно да почнете од почеток со новата книга. Ако веќе извесно време проучувате со книгата Спознание, би можеле само да преминете на соодветното поглавје од книгата Што учи Библијата. Ако сте при крајот на книгата Спознание, можеби ќе одлучите да ја довршите таа публикација.
3 Без сомнение, сите ние познаваме многу луѓе на кои ќе им користи проучувањето на книгата Што учи Библијата. Зошто не му понудиш на секој од нив да ја проучува Библијата со помош на оваа книга? На пример, оние што ја проучувале брошурата Бара или книгата Спознание, но кои не напредувале до крштавање, би можеле повторно да почнат да проучуваат со новата книга. Родителите можеби ќе одлучат да ја користат публикацијата додека ги поучуваат своите деца за Јехова (Кол. 1:9, 10).
4 Проучување на втора книга: Дали е предвидено да се проучува втора книга со заинтересираното лице, откако ќе се заврши со книгата Што навистина учи Библијата? Да. Ако лицето напредува, дури и ако неговиот напредок е бавен, и доколку расте неговото ценење за она што го учи, можете да продолжите со проучување на книгата Обожавај го единствениот вистински Бог. Уверени сме дека книгата Што учи Библијата ќе ни биде од голема помош додека го извршуваме налогот да правиме ученици (Мат. 28:19, 20).