ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 1/08 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 2008
  • Сличен материјал
  • Како да водиме библиски студии со книгата Божјата љубов
    Нашата служба за Царството 2009
  • Книгата Што учи Библијата — главна публикација за проучување
    Нашата служба за Царството 2006
  • Помогни им на другите да бидат послушни на она што го учи Библијата
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2007
  • Прашања
    Нашата служба за Царството 2011
Повеќе
Нашата служба за Царството 2008
km 1/08 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Кои две публикации треба да ги користиме за да проучуваме со интересентите?

Книгата Што учи Библијата е нашата главна публикација со која можеме да започнуваме и да водиме библиски студии. Не е погрешно да користиме и други публикации, како на пример некој соодветен трактат, за да започнеме да проучуваме со заинтересираните, но треба, колку што е можно побрзо, да се префрлиме на книгата Што учи Библијата. Објавителите постигнале извонредни резултати кога ја користеле оваа книга за да започнат библиски студии.

Ако интересентот напредува во духовен поглед, откако ќе заврши со книгата Што учи Библијата треба да ја проучува книгата Обожавај го Бог (Кол. 2:7). На 2. страница од оваа книга е објаснета нејзината цел: „Библијата ги поттикнува сите што го љубат Бог да ја ‚сфатат умствено... висината и длабочината‘ на неговите скапоцени вистини (Ефешаните 3:18). Оваа книга е подготвена за таа цел. Се надеваме дека ќе ти помогне да растеш духовно и да бидеш подобро опремен да одиш по тесниот пат што води во живот во Божјиот праведен нов свет“.

Доколку интересентот ги исполни условите за крштавање пред да ги помине и двете книги, со него треба да се проучува сѐ додека не ја заврши и втората. Во таков случај, дури и ако тоа лице е веќе крстено, оној што го поучува може да ги извести времето, повторната посета и библиската студија. Објавителот што го придружува водителот и учествува во проучувањето може исто така да го извести времето.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели