Добро користи ги постарите книги
1 Човекот складирал милиони стари книги во библиотеките во сите краеви на Земјата. Сепак, од каква трајна корист биле тие за човечкиот род? (Проп. 12:12). Од уште поголема вредност се публикациите кои го сосредоточуваат вниманието врз Божјето Царство и врз она што тоа ќе го стори за човештвото. Повеќето собранија имаат на залиха голем избор такви книги кои биле издадени пред 1985. Во текот на јануари ќе ѝ ги нудиме на јавноста овие постари книги.
2 Тие имаат вистинска вредност: Иако некои од нас можеби мислат дека овие книги се застарени во споредба со нашите понови публикации, мораме да запамтиме дека тие ја содржат библиската вистина. Пораката за Царството што ја објаснуваат тие сѐ уште важи и денес и, ако се следи, може да го спаси животот (Јован 17:3). Затоа, треба да вложуваме додатен напор за добро да ги користиме овие постари книги.
3 Нивната вредност ја нагласува искуството на една жена која наследила неколку постари публикации на Watch Tower од баба ѝ. Една жена Сведок ја прашала дали знае колкава е вистинската вредност на публикациите. Жената одговорила: „Не ја знам нивната вредност, но како можам да ја откријам?“ Жената прифатила библиска студија, дошла во вистината и потоа многу ја ценела библиотеката на баба ѝ. Колкаво само скапоцено наследство се покажала таа збирка од постари книги!
4 Разделувај ги: Освен што ќе ги нудиш постарите книги од куќа до куќа, погрижи се да ги нудиш кога ќе правиш повторни посети кај луѓето за кои знаеш дека сакаат да ги читаат нашите публикации, вклучувајќи ги и оние кои се претплатени на Стражарска кула и Разбудете се! и кои се на твојата рута со списанија. За оние со кои ја проучуваш Библијата, избрани постари книги можат да обезбедат подлога на спознанието која ќе го прошири нивното разбирање на вистината. Не заборавај да ги набавиш постарите книги кои ти недостигаат во твојата лична збирка. На тој начин ќе собереш скапоцена теократска библиотека, која можеш да ја искористиш за да ја збогатиш твојата лична студија.
5 Наместо да стојат складирани постарите книги, добро да ги користиме за да ги поттикнеме луѓето што ги среќаваме ‚да се бојат од Бога и да ги пазат неговите заповеди‘ (Проп. 12:13).