,Облечете ја новата личност‘
1 Христијаните го ценат тоа што ја познаваат вистината! Сме научиле како да живееме за да го избегнеме правецот на оние кои се во светот. Со тоа што се „отуѓени од животот кој му припаѓа на Бог“, тие „умствено се наоѓаат во темнина“ (Ефеш. 4:18, NW). Бевме поучени да го промениме својот ум од световното размислување со тоа што ќе ја соблечеме старата личност и ќе ја облечеме новата (Ефеш. 4:22—24, NW).
2 Старата личност води до постојано паѓање во морална деградација, од што произлегуваат валканост и смрт. Затоа, ги повикуваме оние кои ќе ја слушнат пораката на Царството да ги отфрлат гневот, лутината, злобата, погрдниот говор и непристојното зборување. Оние кои ја посакуваат Божјата наклоност мораат да ја отфрлат старата личност одлучно и потполно — онака како што би соблекле извалкана облека (Кол. 3:8, 9).
3 Нова сила која го покренува умот: Облекувањето на новата личност вклучува обновување на силата која го покренува нашиот ум (Ефеш. 4:23, NW). Како може некој да ја обнови таа сила, односно умствена настроеност, за да биде насочена во исправен правец? Тоа се прави со редовно и трудољубиво проучување на Божјата Реч и со медитирање за нејзиното значење. Тогаш се развива еден нов образец на размислување и лицето гледа на работите од гледиште на Бог и Христос. Неговиот живот се менува додека се облекува во многуте особини слични на Христовите, вклучувајќи сочувство, љубезност, понизност на умот, благост, долготрпеливост и љубов (Кол. 3:10, 12—14).
4 Со тоа што ја облекуваме новата личност, ние се издвојуваме од светот. На иот начин на живот нѐ прави поинакви. Ја зборуваме вистината и користиме здрав говор за да ги изградиме другите. Ја контролираме нашата лутина, огорченост, викање, навредување и сета злоба, и сето тоа го заменуваме со праведни, побожни особини. Со тоа што простуваме, ние одиме подалеку од она што обично се бара од нас. Сето ова го правиме спремно и од срце (Ефеш. 4:25—32).
5 Никогаш не ја соблекувај новата личност. Не можеме прифатливо да му служиме на Јехова без неа. Допушти таа да ти помогне да ги привлечеш луѓето кон вистината и допушти да биде на слава на Јехова, Творецот на нашата прекрасна нова личност (Ефеш. 4:24).