ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/99 стр. 2
  • Состаноци за служба за февруари

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Состаноци за служба за февруари
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Поднаслови
  • Седмица што почнува од 1 февруари
  • Седмица што почнува од 8 февруари
  • Седмица што почнува од 15 февруари
  • Седмица што почнува од 22 февруари
Нашата служба за Царството 1999
km 2/99 стр. 2

Состаноци за служба за февруари

Седмица што почнува од 1 февруари

Песна 32

10 мин: Локални известувања. Избрани известувања од Наша служба за Царството. Потсети ги сите да го предадат извештајот за служба за јануари.

17 мин: „Нуди ја книгата Семејна среќа на луѓе од сите возрасти“. Еден старешина дискутира за статијата со двајца или тројца способни објавители. Сосредоточи се на целта да им помогнеш на другите да сфатат дека тајната на семејната среќа лежи во следењето на библискиот совет. (Види Семејна среќа, страници 9—12.) Прикажи една од предложените презентации. Покажи како да се спомне подготовката за донации и како да се испланира повторна посета.

18 мин: ‚Облечете ја новата личност‘. Говор со кој се анализира Ефесјаните 4:20—24. (Види Стражарска кула од 1 март 1993, страници 14—18, пасуси 4—17.) Објасни како ја соблекуваме старата личност и ја облекуваме новата.

Песна 4 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 8 февруари

Песна 43

10 мин: Локални известувања. Сметководен извештај.

15 мин: Локални потреби.

20 мин: „Нашиот Голем Творец се грижи за нас!“ Прашања и одговори. Објасни како книгата Творец може да се употреби за да им се помогне на оние кои се сомневаат или го негираат постоењето на Бог. Иако книгата не е наменета за започнување библиски студии, таа може да послужи како делотворна алатка во мотивирањето на луѓето да испитаат што вели Библијата. (Види ја книгата Творец, страници 189—191.) Повикај ги објавителите лично да се изјаснат за оваа публикација и да раскажат некои искуства што ги имале додека им ја врачувале на другите.

Песна 70 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 15 февруари

Песна 72

10 мин: Локални известувања. Теократски вести.

18 мин: Како извлекуваме корист од запишувањето во Теократската школа за служба? Дискусија со присутните што ја води надгледникот на школата. Обучувањето за говорење пред јавност не е единствената цел на школата. Има и други начини на кои можеме директно да извлечеме корист. (Види Vodič, страници 11—13.) Учиме како да комуницираме подобро со другите луѓе. Поучени сме да зборуваме јасно, сталожено и со самодоверба. Стануваме повешти да одговараме на прашањата за нашите верувања и да ги објаснуваме нашите одлуки кои се темелат на Библијата. Нашето спознание за Библијата расте, помагајќи ни да бидеме поделотворни во сведочењето на другите. Учиме да ги признавме нашите пропусти и да прифатиме совет, од кој произлегуваат попријателски постапки со другите. Севкупното обучување што го дава школата ни помага да останеме „способни“ како Божји министри (2. Кор. 3:5, 6).

17 мин: „Како членовите на семејството соработуваат за целосно учество — во библиската студија“. Дискусија со едно семејство. Тие анализираат како ги применуваат предлозите за семејно читање на Библијата и проучување што се наоѓаат во Стражарска кула од 15 мај 1996, страници 14 и 15, и Стражарска кула од 15 октомври 1992, страници 16 и 17.

Песна 57 и заклучна молитва.

Седмица што почнува од 22 февруари

Песна 92

10 мин: Локални известувања.

15 мин: Сведочење во станбени згради. (Ако има малку станбени згради на вашето подрачје, разгледајте ја статијата „Зошто да се бележи кога некој не е дома?“ од Наша служба за Царството од мај 1995.) Дискусија со двајца или тројца објавители. Тешко е да им се сведочи на луѓе кои живеат во станови каде што разговорот е ограничен на она што може да се каже преку интерфон. Разгледај на кои начини може да се создаде интерес. Пријателски претстави му се како сосед; употреби го името на станарот ако го има во именикот; спомни некоја навремена тема за која сакаш да дискутираш или, пак, директно прочитај некој увод од книгата Расправљање, страници 9—15 и објасни дека сакаш да врачиш трактат, списание или брошура која дава одговор на некое важно прашање и наведи го прашањето. Онаму каде што е ограничен контактот, напиши писма до станарите или сведочи им на улица додека доаѓаат и заминуваат. Прикажи која метода се користи локално со која се постигнале добри резултати кај оние кои живеат во станбени згради.

20 мин: Како да се пронајде радост во правењето ученици. Говор темелен на Стражарска кула од 15 февруари 1996, страници 19—22.

Песна 130 и заклучна молитва.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели