Покани ги да дојдат
1 Една покана упатена пред многу векови сега се разгласува во 233 земји ширум светот: „Дојдете, да се искачиме на гората Господова . . . Он ќе нѐ научи на Своите патишта, и ќе одиме по патеките Негови“ (Иса. 2:3). Насочувањето на луѓето кон Јеховината организација е еден од најдобрите начини на кои можеме да им помогнеме да постигнат духовен напредок кој води до вечен живот.
2 Некои објавители можеби се двоумат да ги поканат луѓето во Салата на Царството сѐ додека не покажат значителен напредок во домашната библиска студија. Меѓутоа, понекогаш луѓето ќе почнат да присуствуваат на собраниските состаноци дури и уште пред да се започне библиска студија со нив. Не треба да одложуваме срдечно да ги поканиме и да ги охрабриме да дојдат на состаноците.
3 Што да направиш: Спомни дека состаноците се бесплатни и дека никогаш не се собираат прилози. Објасни како се водат состаноците. Истакни дека тие се всушност курсеви за проучување на Библијата и дека е обезбеден студиски материјал за да следат сите. Сврти внимание на различните позадини и животни сталежи на присутните. Спомни дека тие се луѓе од тоа подрачје и дека се добредојдени и деца од сите возрасти. Треба да ги каниме оние со кои проучуваме, нудејќи им помош да присуствуваат.
4 Една од последните работи што се запишани во Библијата е една срдечна покана да учествуваме во Јеховините подготовки за живот: „И Духот и невестата велат: ‚Дојди!‘ . . И кој е жеден, нека дојде, и кој сака, нека земе од водата на животот дарум“ (Откр. 22:17). Не постои замена за канењето на другите да присуствуваат на нашите состаноци.
5 Исаија 60:8 пророчки прикажува стотици илјади нови фалители кои сега доаѓаат во собранијата на Божјиот народ како гулаби кои „летаат како облаци, и како гулаби — кон гулабарниците свои“. Сите ние можеме да ги каниме новите на нашите состаноци и да направиме да се чувствуваат добредојдени. На овој начин, ќе соработуваме со Јехова додека тој го забрзува делото на собирање (Иса. 60:22).