Горливо проповедај ја добрата вест
1 „Копнеам да ве видам . . . готов сум [во мене има горливост, NW] и вам во Рим да ви го проповедам Евангелието.“ Така се изразил апостол Павле на почетокот на своето писмо до браќата во Рим. Зошто Павле имал толкава горливост да ги посети? Тој рекол: „Да имам некој плод и меѓу вас . . . Зашто јас не се срамувам од Евангелието на Христа, бидејќи тоа е сила Божја за спасението“ (Рим. 1:11—16).
2 Павле ја одразувал истата горливост кога им зборувал на постарите мажи во Ефес. Тој ги потсетил: „Од првиот ден, кога стапив во Азија . . . не пропуштив . . . да не ве поучам пред народот и по куќите, проповедајќи им и на Јудејците и на Елините“ (Дела 20:18—21). Во целото свое доделено подрачје, Павле бил решен да ја шири добрата вест на спасение и да ги донесе плодовите на Царството. Колку само добар дух кој е вреден за имитирање!
3 Би можеле да се запрашаме: ‚Дали покажувам иста таква горливост во објавувањето на добрата вест во мојата околина? Наместо да го сметам проповедничкото дело само за должност, дали горливо ја споделувам добрата вест со колку што е можно повеќе луѓе? Дали молитвено сум размислил за моите лични околности? Дали сум ги истражил сите можности кои постојат на нашето подрачје, како што се проповедање од врата до врата, на улица, во деловните области, преку телефон и неформално?‘
4 Учествувај горливо во текот на април: Месец април е добра прилика да го зголемиме нашето лично учество во проповедничкото дело. Намаленото барање на часови би требало да им овозможи на повеќемина да бидат помошни пионери. Можеби твоите околности ќе ти допуштат да служиш како помошен пионер во текот на април и мај. Или можеби ќе можеш да се пријавиш за општ пионер, со оглед на изменетото барање на часови. Ако си собраниски објавител, можеш ли да поминеш повеќе време од вообичаено во службата овој и следниот месец, давајќи им поддршка на оние кои можат да пионерат? Тоа би го израдувало Јеховиното срце!
5 Објавителите на Царството, исто како Павле, треба и понатаму да покажуваат горливост напрегајќи се во проповедничкото дело. Ако правиме сѐ што можеме во службата, тоа ќе ни донесе вистинска радост. Павле чувствувал таква радост во својата света служба. Добро ќе направиме ако го имитираме неговиот одличен пример (Рим. 11:13; 1. Кор. 4:16).