ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 2/03 стр. 3-4
  • Проповедај и давај темелно сведоштво

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Проповедај и давај темелно сведоштво
  • Нашата служба за Царството 2003
  • Сличен материјал
  • Се бараат — 100.000 помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1997
  • Ќе го сториме ли тоа повторно? — друг повик за помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1998
  • Објавувајте ги доблестите на Јехова
    Нашата служба за Царството 2007
  • Убава цел за новата службена година
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2003
km 2/03 стр. 3-4

Проповедај и давај темелно сведоштво

1 Како „кнез и заповедник“, Исус ги подготвил своите ученици за огромното проповедничко дело што стоело пред нив (Иса. 55:4; Лука 10:1—12; Дела 1:8). Апостол Петар го опишал налогот што Исус им го дал со овие зборови: „Ни нареди да му проповедаме на народот и да дадеме темелно сведоштво дека ова е Оној кого Бог го одреди да биде судија на живите и на мртвите“ (Дела 10:42). Што вклучува давањето темелно сведоштво?

2 Можеме многу да научиме ако го разгледаме примерот на апостол Павле. Кога се сретнал со постарите мажи во собранието во Ефес, ги потсетил: „Не се воздржував да ви кажам сѐ што е корисно и да ве поучам јавно и од куќа до куќа. Туку им дадов темелно сведоштво и на Евреите и на Грците за покајание пред Бог и за вера во нашиот Господ Исус“. И покрај тоа што и самиот се соочувал со испити, Павле се стремел да достигне колку што е можно повеќе луѓе со добрата вест. Тој не бил задоволен да им ги пренесе само основните вистини на своите слушатели, туку се стремел да го сподели „целиот Божји совет“. За да го постигне ова, бил спремен да се напрега и да прави жртви. Понатаму рекол: „Воопшто не ја сметам за скапа својата душа, само да можам да ја довршам својата трка и службата што ја примив од Господ Исус, да дадам темелно сведоштво за добрата вест на Божјата незаслужена љубезност“ (Дела 20:20, 21, 24, 27).

3 Како можеме да го имитираме примерот на Павле денес? (1. Кор. 11:1). Така што ќе ги бараме достојните во секое домаќинство дури кога и самите се соочуваме со испити, ќе настојуваме да ги достигнеме луѓето од сите етнички групи и јазици со добрата вест и марливо ќе го негуваме интересот на кој ќе наидеме (Мат. 10:12, 13). Ова бара време, напор и љубов кон луѓето.

4 Можеш ли да служиш како помошен пионер? Март и април можат да бидат одлична прилика да дадеш темелно сведоштво така што ќе бидеш помошен пионер. Колкаво охрабрување беше кога видовме толку многу што минатата година вложија посебен напор да бидат помошни пионери!

5 Една 80-годишна сестра со многу здравствени проблеми била поттикната од охрабрувањето што го даде Јеховината организација. Таа напиша: „Тоа ја разгоре искрата што ја имав во своето срце веќе долго време и направи да чувствувам дека морам да бидам помошен пионер барем уште еднаш“. Одлучила тоа да си го постави како цел за март. „Првото нешто што го направив“, рече таа, „беше да седнам и да го пресметам трошокот. Разговарав за тоа со ќерка ми зашто ќе ми требаше помош од неа. Ме изненади што и самата зеде молба“. Во текот на месецот, оваа постара сестра поминала 52 часа во служба. „Многупати му се молев на Јехова да ми ја обнови силата кога ќе се почувствував исцрпена. На крајот од месецот, бев многу среќна и задоволна и многупати му се заблагодарив на Јехова што ми помагаше. Би сакала повторно да се обидам“. Нејзиното радосно искуство може да ги охрабри и другите што навистина сакаат да бидат помошни пионери и покрај сериозните здравствени проблеми.

6 Еден брат што неочекувано бил отпуштен од световната работа ја искористил таа прилика да биде помошен пионер. Како што месецот одминувал, чувствувал сѐ поголема ревност за делото на проповедање, а до крајот на месецот започнал и нова библиска студија. Размислувајќи за ова искуство, тој рече: „Каков месец!“ Колку воодушевен бил што ги имал Јеховиното водство и помош! Да, Јехова излеал богат благослов врз него за дополнителниот напор што го вложил братот во службата, а истото ќе го стори и за тебе (Мал. 3:10).

7 За многумина, помошната пионерска служба не е лесна. Сепак, и покрај световните и семејните одговорности, како и личните предизвици, голем број браќа и сестри биле во можност да го направат тоа. Давањето темелно сведоштво честопати вклучува да жртвуваме од своето скапоцено време и енергија, но благословите се неспоредливи (Посл. 10:22).

8 Март и април се идеално време да се биде помошен пионер. Во март има пет викенди. Тоа што добро ќе ги искористат овие викенди и вечерните часови може да им овозможи на некои што работат полно работно време да служат како помошни пионери. Освен тоа, можеби ќе можеш да ги искористиш празниците во текот на април. Некои можеби нема да одат на училиште или на световна работа, што може да им помогне да го исполнат барањето од 50 часови. За да си направиш распоред на 50 часови служба во текот на март и април, можеш ли да искористиш еден од предложените распореди за помошна пионерска служба што се вклучени во оваа статија? Разговарај за твојот распоред со другите; без сомнение, некои ќе бидат охрабрени да ти се придружат во службата. Ако не можеш да служиш како помошен пионер, постави си конкретна цел за овие месеци и поддржувај ги оние што можат да пионерат. Уште сега направи си планови за зголемена служба во текот на март и април.

9 Покажи ценење за Меморијалот: Секоја година во текот на сезоната на Меморијалот, благодарноста за откупнината поттикнува илјадници ‚да си откупат време‘ за да бидат помошни пионери (Ефеш. 5:15, 16). Минатата година во Македонија имаше 204 помошни пионери во март и 115 во април. Тоа значи просек од 160 во секој од овие два месеца. Спореди го тоа со просечниот број од 46 помошни пионери во текот на секој од претходните месеци на службената година. Оваа сезона на Меморијалот е уште една одлична прилика да го покажеме нашето искрено ценење за Христовата откупна жртва така што ќе ја зголемиме својата активност во службата на теренот.

10 Како што се приближува 16 април, длабоко размислувај што значи Меморијалот за тебе. Размислувај за настаните што воделе до Христовата смрт и за мислите што му натежнувале на умот и срцето. Медитирај и за радоста што била поставена пред Исус и како таа му помогнала да го издржи таквото малтретирање. Длабоко размислувај за неговата сегашна положба како Глава на собранието, и како оној што го надгледува делото на проповедање и правење ученици (1. Кор. 11:3; Евр. 12:2; Откр. 14:14—16). Потоа покажи ја својата благодарност за сѐ што сторил Христос така што ќе учествуваш во делото на проповедање колку што ти дозволуваат околностите.

11 Охрабри ги другите да бидат темелни: Со тоа што ќе учествуваат во помошната пионерска служба, старешините и слугите помошници ќе имаат добра прилика да ги охрабрат другите. Кога работат со објавителите во службата на теренот и кога прават пастирски посети, тие имаат одлични прилики лично да им помогнат на другите да имаат потполн удел во оваа посебна активност. Нека секој од нас го направи ова предмет на молитва, зајакнувајќи ги на тој начин нашите здружени напори да дадеме темелно сведоштво.

12 Иако сите старешини и слуги помошници ќе соработуваат со собраниските подготовки за зголемена активност во текот на март и април, особено надгледникот за служба треба да се погрижи за организирањето на делото на евангелизирање. Треба да организира места, денови и термини за служба на теренот што им одговараат на повеќето објавители и редовно да се даваат известувања за нив. Може да се направат подготовки за состаноци во повеќе различни термини во текот на денот, давајќи им на сите во собранието можност да учествуваат во различни облици на сведочење. Тоа може да вклучува да се работи на деловно подрачје, да се сведочи на улица, од врата до врата, да се прават повторни посети и да се сведочи по телефон. Освен тоа, тој треба да се погрижи да има доволно литература, списанија и подрачја што ќе бидат на располагање во текот на овие месеци.

13 Во март ќе се нуди книгата Спознание, со цел да се започнат библиски студии. Во додатокот од Наша служба за Царството од јануари 2002 имаше убави предлози како да се понуди книгата Спознание. Во април ќе се нудат списанијата Стражарска кула и Разбудете се! Пробај да ги искористиш предложените презентации во „Што да речеш за списанијата“. Секој од нас треба да си одвои време добро да се подготви за да даде темелно сведоштво.

14 Колку сме благословени што работиме под водството на Главата на собранието, Христос Исус, и што ја имаме предноста да ја споделуваме добрата вест со другите! Како што се наближуваат март и април, уште еднаш да се потрудиме да ги направиме најдобрите месеци досега, послушни на Христовата заповед да проповедаме и да даваме темелно сведоштво.

[Рамка на страница 4]

Различни распореди за помошна пионерска служба во март и април 2003

Ден Часови

понеделник 1 2 — — 2 —

вторник 1 — 3 — — —

среда 1 2 — 5 — —

четврток 1 — 3 — — —

петок 1 2 — — — —

сабота 5 4 3 5 6 7

недела 2 2 3 2 2 3

март 56 56 54 55 50 50

април 50 50 51 53 — —

Ќе ти одговара ли некој од овие распореди?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели