ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 5/99 стр. 1
  • Планирај однапред!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Планирај однапред!
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Какви се твоите планови за летото?
    Нашата служба за Царството 1996
  • Јехова „нека ги исполни сите твои намери“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2017
  • Користи го мудро своето време
    Нашата служба за Царството 2005
  • Учествувај во теократските активности и во текот на летото
    Нашата служба за Царството 1994
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 5/99 стр. 1

Планирај однапред!

1 Јеховината организација обезбедува редовна програма на теократски активности кои се наменети да ги задоволат нашите духовни потреби. Ценењето нѐ поттикнува потполно да ги искористиме сите подготовки, како што се посетите на патувачкиот надгледник, собирите и конгресите, како и други посебни активности планирани локално (Мат. 5:3). Меѓутоа, некои пропуштаат многу од овие духовни подготовки поради тоа што испланирале други работи. Што може да се направи за да се спречи тоа? Како можеме да се погрижиме нетеократските активности да не ги истиснуваат „поважните работи“? (Фил. 1:10, NW).

2 Неопходно е мудро планирање: Изреки 21:5 опоменува: „Мислите на трудољубивите се стремат кон изобилие, а секој што пребрзува трпи немаштија“. За да добиеме духовно „изобилие“, треба трудољубиво да планираме однапред, имајќи ги на ум теократските активности кои биле подготвени. Треба да ги испланираме нашите лични активности во време кога нема да нѐ спречуваат да бидеме присутни за да жнееме духовни благослови. Ако избрзано планираме да правиме работи кои лично сакаме да ги правиме, без да размислуваме за претстојните теократски настани, веројатно ќе страдаме од духовна „немаштија“.

3 Не пропуштај! Сите правиме планови за иднината, вклучувајќи годишни одмори, деловни патувања, посети на роднините итн. Пред да се обврзеш на нешто или да ги завршиш своите планови, разгледај го распоредот за претстојните духовни активности. Ако видиш дека доаѓа покраинскиот надгледник или дека е планиран собир во истото време кога можеби ќе бидеш отсутен, вложи искрени напори за да ги преуредиш работите и да можеш да присуствуваш. Доволно однапред сме информирани за поголемите настани кои се планирани во иднина. Старешините во твоето собрание можат да ти кажат што се планира локално.

4 Со промисленост и планирање однапред за поважните работи, ќе бидеме „исполнети со плодови на правдата; . . . за слава и пофалба на Бога“ (Фил. 1:11).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели