ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/99 стр. 7
  • Рубрика прашања

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Рубрика прашања
  • Нашата служба за Царството 1999
  • Сличен материјал
  • Да го одржуваме нашето место за обожавање во добра состојба
    Нашата служба за Царството 2003
  • Како да ја одржуваме нашата сала?
    Кој ја врши Јеховината волја денес?
  • На ова место го славиме Бог!
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2015
  • Места на кои го славиме Јехова
    Организирани за да ја вршиме Јеховината волја
Повеќе
Нашата служба за Царството 1999
km 11/99 стр. 7

Рубрика прашања

◼ Кој е одговорен за чистење на Салата на Царството?

Салата на Царството која е чиста и привлечна фрла поволно светло врз пораката што ја проповедаме. (Спореди 1. Петрово 2:12.) Неопходно е салата да се одржува чиста и уредна и секој може да учествува во нејзиното одржување. Не треба да очекуваме само неколкумина да го носат целиот товар. Обично чистењето се планира според групите за Собраниска студија на книга, при што водителот на студијата или неговиот помошник го презема водството. Во салите каде што се состанува повеќе од едно собрание, старешините ги организираат работите така што сите во собранието учествуваат во одржувањето.

Како можеме најдобро да се погрижиме за оваа одговорност? Салата на Царството треба да се чисти според еден редовен распоред. Потребните средства и опремата треба да бидат при рака за да се користат при чистењето. Треба да се состави список на работите што треба да се направат и да се закачи на место каде што оние што чистат можат да го следат за упатство. Можеби ќе има два различни списока, еден за основно лесно чистење после секој состанок и друг за генерално седмично чистење. Водителот на студијата на книга треба да испланира генерално чистење за ден и време кое им одговара на сите што се назначени. Треба редовно да се посветува внимание и на тревникот, цвеќињата и грмушките. На тротоарите и на паркиралиштата не треба да има отпадоци. Секоја година треба да се прави пролетно чистење, можеби пред Меморијалот. Ова може да вклучува чистење на прозорците и ѕидовите и перење на теписонот и на завесите.

Се разбира, сите ние можеме да го олесниме товарот со тоа што нема да фрламе гуми за џвакање или отпадоци внатре и надвор од салата. Можеме да го средиме тоалетот после секоја употреба, оставајќи го чист за следниот. Внимавај да избегнуваш да ја кршиш опремата или да го оштетуваш мебелот. Забележи ги флеките на теписонот, оштетените столици, проблемите со водоводот, прегорените сијалици итн., и веднаш извести го за овие работи братот што е одговорен за одржувањето на Салата на Царството.

Сите да бидеме спремни да го направиме својот дел. Тоа придонесува за пријатен дом за обожавање и нѐ разликува како чист народ кој му оддава чест на Јехова Бог (1. Пет. 1:16).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели