Зарем не сме го чуле тоа порано?
1 Сигурно дека сме го чуле! Јехова повторува многу работи во својата Реч во корист на својот народ. Исус честопати ги повторувал своите поуки за различни аспекти на Царството. Неговите апостоли постојано ги разгледувале духовните работи со оние кои биле цврсто утврдени во вистината (Рим. 15:15; 2. Пет. 1:12, 13; 3:1, 2).
2 Во нашево време, Јеховината организација подготви важни теми кои повторно ќе се разгледаат на собраниските состаноци. Извесни публикации повторно се проучуваат. Да, важно е да чуеме некои работи кои веќе сме ги чуле порано!
3 Повторувањето задоволува една битна потреба: Јеховините потсетници го продлабочуваат нашето разбирање, го прошируваат нашето гледиште и ја зајакнуваат нашата одлучност да останеме на нашиот духовен курс (Псал. 118:129). Повторното разгледување на Божјите мерила и начела е како поглед во огледало. Тоа ни помага да се преиспитаме и ја совладува склоноста да бидеме ‚заборавливи слушачи‘ (Јак. 1:22—25).
4 Ако постојано не се потсетуваме на вистината, врз нашите срца ќе влијаат други работи. Божјите потсетници нѐ зајакнуваат да се спротивставиме на расипаните влијанија на Сатановиот свет (Псал. 118:2, 3, 99, 103; Фил. 3:1). Редовните потсетници што ги добиваме во врска со исполнувањето на Божјите намери нѐ поттикнуваат да ‚бидеме будни‘ (Мар. 13:32—37). Повторувањето на библиските вистини ни помага да останеме на патот до вечен живот (Псал. 118:144).
5 Како да извлечеме корист лично: Мораме ‚да ги наклониме своите срца кон Божјите потсетници‘ (Псал. 119:36, NW). Кога на некој собраниски состанок треба да се разгледува некоја позната тема, треба однапред да се подготвиме, да ги побараме наведените стихови и да размислуваме за тоа како можеме да ги примениме тие информации. Да не го прескокнуваме писменото повторување во Теократската школа за служба, мислејќи дека не е потребно (Лука 8:18). Никогаш не би сакале да станеме невнимателни затоа што основните вистини често се повторуваат на нашите состаноци (Евр. 5:11).
6 Да го имаме истиот став како псалмистот: „По патот на Твоите сведоштва [потсетници, NW] се насладувам како во секое богатство“ (Псал. 118:14). Да, ние сме ги чуле и порано овие скапоцени работи и веројатно ќе ги чуеме повторно. Зошто? Затоа што Јехова знае дека треба да ги чуеме!