Ќе се проучува Даниеловото пророштво
1 Почнувајќи со седмицата од 17 април, на Собраниската студија на книга ќе ја проучуваме книгата Обрни внимание на Даниеловото пророштво! Многумина веќе ја прочитале оваа фасцинантна книга, но сега ќе имаме прилика да уживаме во користите кои доаѓаат од групната дискусија за овој материјал. Повикани се сите објавители, заинтересирани и деца, да, охрабрени се да бидат присутни секоја седмица на ова темелно проучување на библиската книга Даниел (5. Мој. 31:12, 13).
2 Распоред за проучување и упатства: Комплетниот распоред за проучување на книгата Даниеловото пророштво е изложен во ова издание на Наша служба за Царството. Погрижи се да имаш примерок во твојата книга за проучување. Распоредот покажува кое поглавје, пасуси од книгата и стихови од Даниел ќе се дискутираат секоја седмица. Фуснотите објаснуваат како и кога ќе се разгледува некој материјал во книгата. Во заклучокот на секоја седмична студија, водителот е охрабрен да ги разгледа со групата специфичните стихови од Даниел кои се наведени во распоредот за таа седмица. Ако допушта времето, стиховите можат да се прочитаат и да се коментира за нив. Некои стихови ќе се поклопуваат од една во друга седмица заради тековното разгледување на нивната примена.
3 Подготви се за темелно проучување: Вложени се напори да има доволно време секоја седмица полека да се дискутира за доделениот материјал. Четири лекции се прилично кратки. Затоа, на крајот на проучувањето за седмицата од 5 јуни, водителот може да вклучи разгледување на Даниел 2:1—40. Во седмицата од 26 јуни може да го разгледа Даниел 3:1—23, 91—97. Седмицата од 4 септември треба да вклучува темелна дискусија за илустрациите и стиховите на страница 139. Табелата на страници 188 и 189 треба да се дискутира на студијата во седмицата од 2 октомври.
4 Добро подготви се за студијата секоја седмица и со уживање учествувај во неа. Цени ја предноста што се дружиш со Јеховината видлива организација и што извлекуваш корист од увидот и разбирањето што ги даваат неговите верни помазаници (Дан. 12:3, 4). Љубезно охрабри ги другите редовно да присуствуваат на студијата на книга. Сите ние да обрнеме внимание на Божјата пророчка реч која е откриена во восхитувачката книга Даниел (Евр. 10:23—25; 2. Петр. 1:19).