Ревност што поттикнува мнозина
Апостол Павле ги пофалил коринтјаните затоа што нивната ревност за добри дела ‚поттикнала мнозина‘ нивни сохристијани (2. Кор. 9:2). Честопати, некој поединец, семејство, група за студија на книга или цело собрание можат да имаат сличен резултат кога ревносно учествуваат во делото на евангелизирање. Еве некои начини на кои можеш да покажеш ревност за службата.
◼ Одвој си ги саботите за активност на Денот за списанија.
◼ Во неделите учествувај барем малку во службата на теренот.
◼ Кога деновите се подолги, користи ги за да учествуваш во вечерното сведочење.
◼ Учествувај во сите денови за посебно сведочење што се планирани.
◼ Празниците на училиште или на работа користи ги за да одиш во служба.
◼ Поддржувај ја службата во текот на посетата на покраинскиот надгледник.
◼ Биди помошен пионер еден или повеќе месеци во текот на годината.
◼ Ако е можно, приспособи ги своите околности за да бидеш општ пионер.
Види Годишник на Јеховините сведоци за 2000, страници 17—19.