ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 7/00 стр. 4
  • Дали си срамежлив?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали си срамежлив?
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Зошто не можам да бидам подруштвен?
    Разбудете се! 2000
  • Како да ја победам срамежливоста?
    Младите прашуваат
  • Како можам да бидам подруштвен?
    Разбудете се! 2000
  • Јехова ќе ти даде сила
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2021
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 7/00 стр. 4

Дали си срамежлив?

1 Не сме изненадени кога ќе видиме како некое мало дете ѕирка додека стои зад мајка му или татко му. Во раното детство е природно да се биде срамежлив. Дури и како возрасни, многумина се малку срамежливи по природа. Што можеш да направиш ако срамежливоста се одразува на твоето учество во службата?

2 Справување со срамежливоста: Многу е важно да се посвети внимание на „тајната личност на срцето“ (1. Петр. 3:4, NW). Зајакни ја својата љубов кон Јехова и кон ближниот. Биди сосема уверен дека извршувањето на налогот да се проповеда е еден од најдобрите начини да се покаже самопожртвувана љубов. Следи добра рутина на лична студија и присуство на состаноците. Редовно и конкретно моли го Јехова за помош. Силната вера и доверба во него ќе изградат уверување и ќе овозможат ‚посмело, без страв, да го проповедаме словото Божјо‘ (Фил. 1:14).

3 Бори се со чувствата на недостаточност. Изгледа дека и Тимотеј морал да го прави тоа. Павле го охрабрил Тимотеј „никој никогаш да не гледа со презир на [неговата] младост“, потсетувајќи го дека ‚Бог не ни го дал духот на стравот, туку духот на силата‘ (1. Тим. 4:12, NW; 2. Тим. 1:7). Јехова целосно го користел Тимотеј, а ќе те користи и тебе ако се стремиш напред со целосна доверба во него (Псал. 55:11).

4 Размислувањето за некој библиски текст, како што е Матеј 10:37, ѝ помогнало на една плашлива сестра која имала страв од нејзиниот сопруг кој бил противник. Бидејќи била истрајна, службата ѝ станала полесна и на крајот вистината ја прифатиле нејзиниот сопруг, мајка ѝ и нејзините браќа!

5 Неопходна е подготовка: Твојата доверба ќе порасне уште повеќе кога темелно ќе се подготвуваш за службата. Избери некоја едноставна презентација од книгата Расправљање или од минатите изданија на Наша служба за Царството, добро запамти ја и извежбај ја. Наместо во тебе да се собира непотребна вознемиреност, размислувај позитивно. Црпи храброст од тесната соработка со другите. Имај на ум дека голем број од луѓето кои ќе ги сретнеш на вратите се плашливи, исто како тебе. На сите им е потребна пораката за Царството.

6 Ако си срамежлив, не очајувај. Додека се трудиш, Јехова ќе ти помогне да бидеш делотворен проповедник на добрата вест. Тогаш ќе имаш радост во службата (Изр. 10:22).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели