ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 11/00 стр. 1
  • Продолжи да проповедаш!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Продолжи да проповедаш!
  • Нашата служба за Царството 2000
  • Сличен материјал
  • Зошто да продолжиме да проповедаме?
    Нашата служба за Царството 2002
  • Зошто и понатаму навраќаме?
    Нашата служба за Царството 1997
  • ‚Донесувај добра вест за нешто подобро‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2005
  • „Одете и правете ученици од луѓето од сите народи“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2016
Повеќе
Нашата служба за Царството 2000
km 11/00 стр. 1

Продолжи да проповедаш!

1 Божја волја е „сите видови луѓе да се спасат и да дојдат до точно спознание на вистината“ (1. Тим. 2:4). Од таа причина Бог ни дал задача да ја проповедаме добрата вест (Мат. 24:14). Ако сфатиме зошто треба да продолжиме да проповедаме, нема да нѐ одврати никакво обесхрабрување или потенцијални пречки кои ќе ни застанат на патот.

2 Зошто да истраеме? Во светот има многу пречки заради кои луѓето го забораваат или површно го сфаќаат она што им го кажуваме. Затоа, ние постојано мораме да ги потсетуваме на Божјата порака за спасение (Мат. 24:38, 39). Освен тоа, околностите во животот на луѓето постојано се менуваат. Дури и светските услови можат драстично да се променат преку ноќ (1. Кор. 7:31). Утре, следната седмица или следниот месец, луѓето на кои им проповедаме можеби ќе се соочат со нови проблеми или грижи кои ќе ги натераат сериозно да размислат за добрата вест што им ја носиме. Зарем не си благодарен што Сведокот кој ти ја донел вистината бил истраен?

3 За да ја имитираме Божјата милост: Јехова стрпливо дозволил да помине време пред да изврши суд врз злобните. Преку нас продолжува да ги повикува оние кои се со исправно настроени срца да се обратат кон него и да се спасат (2. Пет. 3:9). Ќе бидеме виновни за крв ако не ја објавуваме Божјата порака на милост пред луѓето и ако не ги предупредуваме за претстојното извршување на Божјиот суд врз сите оние кои нема да се одвратат од своите лоши патишта (Езек. 33:1—11). Иако нашето проповедање не е секогаш добро примено, никогаш не смееме да успориме во вложувањето напори да им помогнеме на искрените луѓе да ја ценат Божјата голема милост (Дела 20:26, 27; Рим. 12:11).

4 За да ја покажеме нашата љубов: Јехова Бог, преку Исус Христос, заповедал добрата вест да се проповеда низ целата земја (Мат. 28:19, 20). Дури и тогаш кога луѓето одбиваат да слушаат, ние имаме прилика да ја покажеме нашата љубов и оддаденост кон Бог со тоа што ќе бидеме истрајни додека го правиме она што е исправно (1. Јов. 5:3).

5 Да бидеме одлучни да продолжиме да проповедаме! Ревносно да го правиме тоа додека сѐ уште трае Јеховиниот „ден на спасение“ (2. Кор. 6:2).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели