Зошто и понатаму навраќаме?
1 Дали некогаш, можеби додека си се подготвувал за некој ден во служба, си го поставил тоа прашање? Во некои места каде што нашето подрачје се обработува секогаш одново, станарите можеби нѐ препознаваат кои сме и брзо нѐ одбиваат. Можеби само неколкумина ќе се одѕвијат на поволен начин. Сепак, постојат многу силни причини зошто и понатаму навраќаме.
2 Пред сѐ, нам ни е заповедано да продолжиме да ја проповедаме пораката за Царството сѐ додека не дојде крајот (Мат. 24:14; 28:19, 20). Пророкот Исаија прашал уште колку долго ќе мора да продолжи со неговото проповедничко дело. Одговорот што го добил е запишан во Исаија 6:11. Нема сомнение околу тоа — му било кажано и понатаму да навраќа кај луѓето со Божјата порака. На сличен начин денес, иако можеби нѐ одбиваат, Јехова очекува да продолжиме да ги посетуваме луѓето кои живеат на нашето подрачје (Езек. 3:10, 11). Тоа е света одговорност која ни е доверена нам (1. Кор. 9:17).
3 Друга причина зошто и понатаму навраќаме е фактот што тоа ни дава прилика да ја покажеме длабочината на нашата оддаденост кон Јехова (1. Јов. 5:3). Освен тоа, кога размислуваме за тоа што му носи блиската иднина на човештвото, како можеме да се воздржуваме од обидот во љубов да ги предупредиме нашите ближни? (2. Тим. 4:2; Јак. 2:8). Тоа што сме верни во спроведувањето на нашата задача, им дава чести прилики да се одѕвијат на Божјата порака за спасение така што не ќе можат да речат дека не биле предупредени (Езек. 5:13).
4 Покрај тоа, никогаш не знаеме кога срцето на некои луѓе ќе се промени. Тоа може да биде потстрекнато преку промена на нивните лични околности, трагедија во нивното семејство или, пак, светските околности кои ги поттикнуваат сериозно да размислат за нивната иднина. Од друга страна, пак, нешто што ќе кажеме на нивната врата можеби ќе поттикне поволен одѕив (Проп. 9:11; 1. Кор. 7:31). Исто така, луѓето се селат. Можеби на нашето подрачје ќе најдеме нови станари кои ќе се одѕвијат на добрата вест — можеби млади возрасни лица кои сега живеат сами и сериозно размислуваат за нивната цел во животот.
5 Дали и понатаму ќе навраќаме? Да! Писмото ни дава доволна мотивација да навраќаме кај луѓето секогаш одново. На крајот, кога проповедничкото дело ќе заврши, Јехова ќе нѐ благослови заради нашиот постојан напор во службата и ќе ги благослови оние кои благодарно се одѕвале на добрата вест за Царството (1. Тим. 4:16).