Што да речеш на телефонската секретарка?
Телефонот е ефикасно средство за да им се сведочи на луѓето кои не можеме да ги најдеме дома или кои живеат на недостапни подрачја. Меѓутоа, сѐ поголем број луѓе не одговараат на телефон — телефонската секретарка одговара наместо нив. Кога ќе се случи тоа, што можеш да направиш? Немој да ја спуштиш слушалката. Наместо тоа, имај напишано еден добро подготвен одговор кој ќе го прочиташ преку телефон. Вежбај да го правиш тоа со пријатен, разговорен глас. Што можеш да речеш?
Би можел срдечно да го поканиш станарот да присуствува на следниот состанок за јавност во Салата на Царството. Би можел да речеш: „Жал ми е што не Ве најдов дома. Ако сакате да чуете една библиска дискусија за [кажи го насловот на јавното предавање], Ве молам дојдете во Салата на Царството на Јеховините сведоци. Состанокот е отворен за јавност. Не се собираат прилози“. Потоа јасно наведи го датумот и терминот на состанокот и кажи ја адресата или објасни каде се наоѓа Салата на Царството.
Будно внимавај на новите кои ќе дојдат на состаноците, претстави им се и изрази им добредојде. Не заборавај да им понудиш бесплатна домашна библиска студија!