Рубрика прашања
◼ Како треба да бидат заведени Јеховините сведоци во локалниот телефонски именик?
Забележано е дека постои голема разноликост во начинот на кој Јеховините сведоци се заведени во телефонските именици. Некои се прилично збунувачки, а други, пак, не даваат потполна информација. Ако собранието има телефон во Салата на Царството, важно е да се има еден информативен список во телефонскиот именик, овозможувајќи им на заинтересираните и на нашите браќа да стапат во контакт со локалното собрание.
Ова што следи е препорачаниот список: Јеховини сведоци, (град), после кое следи адресата од Салата на Царството и телефонскиот број.
Во градовите во кои има повеќе од едно собрание, го препорачуваме следново: Јеховини сведоци, (град), по азбучен редослед да се наведе името, адресата на Салата на Царството и телефонскиот број на собранијата.
Локално може да се одлучи дали да се наведе некој алтернативен телефонски број. Ако ја делиш Салата на Царството со некое друго собрание кое е лоцирано во друг град кој не е опфатен со локалниот телефонски именик, името на тој град треба исто така да биде наведено заедно со адреста на Салата на Царството и телефонскиот број.