Внимание: Надгледници на градот
Во Наша служба за Царството од јуни 1996 беше објавена Рубриката прашања во која беше одговорено прашањето: „Како треба да бидат заведени Јеховините сведоци во локалниот телефонски именик?“ Беше дадено следново упатство: „Во градовите во кои има повеќе од едно собрание, го препорачуваме следново: Јеховини сведоци, (град), по азбучен редослед да се наведе името, адресата на Салата на Царството и телефонскиот број на собранијата“.
Извештаите покажуваат дека некои собранија не ја завеле во телефонски именик својата Сала на Царството или, пак, тоа не го направиле како што треба. Ова предизвикало некои проблеми, особено во поголемите градови каде што има по неколку собранија. Бараме надгледниците на градот да преземат иницијатива да се прегледаат сите места каде што сме заведени. Ако податоците не се точни или воопшто ги нема, надгледникот на градот треба да контактира со објавителите кои се наведени во телефонскиот именик и да додаде или поправи сѐ што е потребно, внимателно следејќи ги упатствата што се дадени во Наша служба за Царството.