ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 4/01 стр. 1
  • „За Бог сѐ е можно“

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • „За Бог сѐ е можно“
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • „Невозможно!“ — дали е така?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2012
  • ‚Оваа добра вест ќе биде проповедана‘!
    Нашата служба за Царството 2010
  • Продолжи храбро да зборуваш за Божјата Реч
    Обединети во обожавањето на единствениот вистинит Бог
  • Биди ревносен во службата исто како Исус
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 4/01 стр. 1

„За Бог сѐ е можно“

1 Првенствено дело на христијанското собрание е да се проповеда пораката за Царството во целиот свет (Мат. 24:14). Тоа е огромен потфат. На многу набљудувачи им се чини дека се потребни далеку поголеми средства од оние што ги имаме. Други мислат дека е речиси незамисливо да се изврши оваа задача затоа што сме изложени на исмевање, противење и прогонство (Мат. 24:9; 2. Тим. 3:12). Скептиците се уверени дека е невозможно да се изврши ова дело. Меѓутоа, Исус рекол: „За Бог сѐ е можно“ (Мат. 19:26).

2 Позитивни примери за имитирање: Исус ја започнал својата служба како еден човек против цел систем на работи. Во обидот да го оневозможат неговиот успех, противниците го подложиле на секакви можни понижувања и конечно на агониска смрт. Сепак, на крајот, Исус со доверба изјавил: „Јас го победив светот“ (Јован 16:33). Навистина неверојатен успех.

3 Исусовите ученици покажале ист храбар дух и ревност во христијанската служба. Многумина биле камшикувани, тепани, фрлани в затвор, па дури и убивани. Сепак, тие ‚се радувале што биле сметани за достојни да бидат посрамени поради неговото име‘ (Дела 5:41). И покрај сите пречки, тие ја извршиле навидум невозможната задача да ја проповедаат добрата вест „до најоддалечениот дел од земјата“ (Дела 1:8; Кол. 1:23).

4 Како да успееме во денешно време: И ние ревносно сме се зафатиле со делото на проповедање на Царството и покрај навидум невозможни околности. И покрај забраните, прогонството, апсењата и други насилнички обиди да нѐ запрат, ние имаме успех. Како е можно тоа? „Не со сила ни со снага, туку со Мојот Дух! — слово е на Господа над Војските“ (Зах. 4:6). Со Јеховината поддршка, ништо не може да го запре нашето дело! (Рим. 8:31).

5 Кога проповедаме, немаме причина да бидеме срамежливи или уплашени или да се чувствуваме недостаточни (2. Кор. 2:16, 17). Имаме ненадминливи причини да одиме напред во ширењето на добрата вест за Царството. Со Јеховина помош, ќе го постигнеме она што е „невозможно“! (Лука 18:27).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели