Едноставноста е најдобра
1 Зошто младите објавители честопати го привлекуваат вниманието на оние на кои им ја пренесуваат пораката за Царството? Една причина е тоа што се изразуваат едноставно. Некои објавители можеби мислат дека за да се сведочи делотворно е потребна красноречива презентација. Меѓутоа, искуството покажува дека едноставната и јасна презентација е најдобра.
2 Исус го објавувал Божјето Царство на едноставен, директен начин и ги обучил своите ученици да го прават истото (Мат. 4:17; 10:5—7; Лука 10:1, 9). Тој не користел комплицирани уводи, прашања и илустрации за да го плени вниманието на своите слушатели и да допре до нивните срца (Јован 4:7—14). Добро ќе направиме ако го имитираме неговиот пример и користиме презентации кои лесно можат да се разберат.
3 Пораката што треба да ја објавуваме е ‚добрата вест за царството‘ (Мат. 24:14). Користејќи го Царството како основна тема, ќе можеш да задржиш едноставна презентација. Зборувај за работи што ги интересираат твоите слушатели. Жените честопати се позаинтересирани за семејството отколку за политички теми. Од директен интерес за еден татко е неговото вработување и безбедност на семејството. Младите се заинтересирани за својата иднина, а постарите луѓе за подобро здравје и за сигурноста. Обично луѓето повеќе се заинтересирани за локалните настани отколку за она што се случува во далечните земји. Откако ќе разговарате за теми од заеднички интерес, насочи го вниманието врз благословите што ќе ги ужива послушното човештво под владата на Божјето Царство. Неколку едноставни, добро избрани зборови во комбинација со некој стих можат да бидат најдобро средство за да го поттикнеш интересот на твојот слушател.
4 Би можел да започнеш разговор велејќи:
◼ „Несомнено ќе се согласите дека човештвото го измачуваат многу неизлечиви болести. Но, дали сте знаеле дека Бог ветил дека наскоро ќе ги отстрани сите болести, како и смртта?“ Дозволи одговор, а потоа прочитај Откровение 21:3, 4.
5 Со јасни и едноставни презентации, достигни го умот и срцето на што повеќе луѓе на твоето подрачје, помагајќи им да дознаат нешто повеќе за Јехова и за изгледот да уживаат во вечен живот (Јован 17:3).