ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/01 стр. 1
  • Вие сте „театарски спектакл“!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Вие сте „театарски спектакл“!
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Ангелите — „духови чија должност е да служат“
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2009
  • Ангели — како влијаат врз нас?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2006
  • Следи го примерот на верните ангели
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство (за проучување) 2025
  • Како ангелите можат да ти помогнат
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1998
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 8/01 стр. 1

Вие сте „театарски спектакл“!

1 Апостол Павле напишал: „Станавме театарски спектакл за светот, и за ангелите, и за луѓето“ (1. Кор. 4:9). Што значи ова и како треба да влијае врз нашата служба денес?

2 Кај коринќаните, изразот „театарски спектакл“ веројатно создавал во мислите слика на завршниот дел од некој римски гладијаторски натпревар, во кој осудениците парадирале пред илјадници гледачи пред да бидат брутално убиени. На сличен начин, една огромна публика — и луѓе и ангели — ги гледале страдањата што ги трпеле христијаните во првиот век заради тоа што сведочеле за Царството (Евр. 10:32, 33). Нивниот правец на чување на интегритетот влијаел врз многу набљудувачи, исто како што е случај и со нашата истрајност во денешната арена. За кого сме спектакл ние?

3 За светот и за луѓето: Понекогаш медиумите објавуваат извештаи за активностите на Јеховиниот народ. Иако цениме кога добрите извештаи во врска со нашето дело се вистинити и чесни, очекуваме нашите клеветници понекогаш да шират и лоши извештаи. Меѓутоа, мора да продолжиме да се препорачуваме себеси како Божји министри „преку лош извештај и добар извештај“ (2. Кор. 6:4, 8). На искрените набљудувачи им е јасно дека ние сме вистински ученици на Исус Христос.

4 За ангелите: Нас нѐ набљудуваат и духовните суштества. Ѓаволот и неговите демони гледаат — но со „голем гнев“, настојувајќи да го запрат „делото на сведочење за Исус“ (Отк. 12:9, 12, 17). Верните ангели на Бог гледаат и се радуваат кога ќе се покае макар и само еден грешник (Лука 15:10). Треба да нѐ зајакне сознанието дека ангелите ја сметаат нашата служба за многу итно, корисно дело што се извршува денес на Земјата! (Отк. 14:6, 7).

5 Кога ќе наидеш на противење или ќе мислиш дека нема резултати од твојата служба, сети се дека ти си центар на внимание на целиот универзум. Твојата верна истрајност кажува многу. На крајот, твојата „добра борба на верата“ ќе ти овозможи ‚цврсто да го зграпчиш вечниот живот‘ (1. Тим. 6:12).

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели