ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/01 стр. 8
  • Сакаш ли да правиш повеќе?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Сакаш ли да правиш повеќе?
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Зголеми го своето богатство на службата за Царството
    Нашата служба за Царството 1994
  • Начини да ја прошириш својата служба
    Нашата служба за Царството 1999
  • Се бараат — 100.000 помошни пионери
    Нашата служба за Царството 1997
  • Убава цел за новата службена година
    Нашата служба за Царството 2007
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 8/01 стр. 8

Сакаш ли да правиш повеќе?

1 Исус го споредил Царството со скапоцено богатство (Мат. 13:44—46). Делото на ширење на веста за Царството исто така е скапоцено богатство. Оваа служба заслужува главен приоритет во нашиот живот, дури и ако целосното учество во неа вклучува извесна мерка на самоодрекување (Мат. 6:19—21). Сакаш ли да правиш повеќе во службата за Царството?

2 Размисли за овие неопходни работи: Неопходни се неколку работи за да го зголемиме нашето лично учество во службата: 1) да бидеме одлучни да ги ставиме интересите на Царството на прво место во животот (Мат. 6:33); 2) да практикуваме вера и да се потпираме на Јехова (2. Кор. 4:1, 7); 3) да бараме Божја помош преку искрена и истрајна молитва (Лука 11:8—10); 4) да ги следиме и да постапуваме во склад со нашите молитви (Јак. 2:14, 17).

3 Начини да ја прошириме нашата служба: Секој од нас може да си постави основна цел редовно да посветува време во службата секој месец. Но, дали си размислувал и за тоа да ја искористиш секоја прилика да сведочиш неформално, настојувајќи твоите презентации да бидат посмисловни, зголемувајќи ја ефикасноста на твоите повторни посети и настојувајќи да водиш прогресивни домашни библиски студии? Дали би можел да бидеш помошен или општ пионер или да служиш онаму каде што има поголема потреба? Ако си крстен брат, можеш ли да се потрудиш да се квалификуваш за слуга помошник или старешина? (1. Тим. 3:1, 10). Можеш ли да ја прошириш својата служба поднесувајќи молба за бетелска служба, за Школата за оспособување слуги или за мисионерска обука на школата Гилеад? (Лука 10:2).

4 Еден брат што работел со полно работно време и трошел многу време на спортски активности бил охрабрен да стане општ пионер. Почнал со помошна пионерска служба и потоа ги променил своите околности за да започне со полновремена служба. Подоцна присуствувал на Школата за оспособување слуги, која му помогнала да се подготви за неговата сегашна доделба како покраински надгледник. Многу е радосен што се одѕвал на охрабрувањето што го добил и уверен е дека е многу посреќен поради својата одлука да прави повеќе во службата за Царството.

5 Јехова ги благословува оние што се ставаат на располагање (Иса. 6:8). Ништо нека не те спречи да ја прошириш својата служба и да почувствуваш уште поголемо задоволство и освежување од тоа.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели