ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 10/01 стр. 8
  • Колку добро се храниш духовно?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Колку добро се храниш духовно?
  • Нашата служба за Царството 2001
  • Сличен материјал
  • Дали духовно јадеш добро?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Како да се хранам здраво?
    Младите прашуваат
  • Дали добиваш „храна во вистинско време“?
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 2014
  • Доволно храна за сите!
    Разбудете се! 1996
Повеќе
Нашата служба за Царството 2001
km 10/01 стр. 8

Колку добро се храниш духовно?

1 Се вели дека ‚ние сме она што го јадеме‘. Навистина, на нашата физичка сила и здравје влијаат нашите навики на исхрана. Бидејќи Исус рекол: „Нема да живее човек само од леб туку и од секоја изјава што излегува од Јеховината уста“, нашите навики на духовна исхрана влијаат врз нас позитивно или негативно (Мат. 4:4). Според тоа, колку добро се храниш духовно? Дали си многу пребирлив? Дали јадеш набрзина? Или сакаш полека да уживаш во редовни, урамнотежени и хранливи духовни оброци?

2 Анализирај ја својата исхрана: Јехова обезбедува „храна во право време“ и „гозба од мрсно месо“ преку „верниот и разборит роб“ (Мат. 24:45; Иса. 25:6). За да извлечеме целосна корист од овие подготовки полни со љубов, мораме да вложуваме напор добро да се храниме духовно.

3 Можеби ќе се запрашаш: ‚Дали секој ден го читам дневниот стих и коментарот? Дали секојдневно ја читам Библијата и медитирам за неа? Дали се подготвувам за собраниските состаноци однапред проучувајќи го материјалот? Дали ги имам прочитано најновите публикации, вклучувајќи го и првиот том од Пророштвото на Исаија — светлина за целото човештво?‘

4 Исус ветил: „Среќни се оние кои се свесни за своите духовни потреби . . . Среќни се оние кои гладуваат и жедуваат за праведност, бидејќи ќе бидат наситени“ (Мат. 5:3, 6). Затоа, добро храни се духовно исполнувајќи го умот и срцето со спознание за Бог.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели