ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • w97 15/4 стр. 28-31
  • Дали духовно јадеш добро?

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Дали духовно јадеш добро?
  • Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
  • Поднаслови
  • Сличен материјал
  • Храна за духовен раст
  • Храна за духовна енергија
  • Храна за духовно здравје
  • Духовна загаденост
  • Изобилство од духовна храна
  • Добри навики за јадење
  • Колку добро се храниш духовно?
    Нашата служба за Царството 2001
  • Доволно храна за сите!
    Разбудете се! 1996
  • ‚Исправно да се управува со речта на вистината‘
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1996
  • Наскоро здрава храна за сите!
    Разбудете се! 2012
Повеќе
Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1997
w97 15/4 стр. 28-31

Дали духовно јадеш добро?

„Добрата исхрана е најосновната човечка потреба . . . Без доволно храна би умреле“ (Food and Nutrition [Храна и исхрана]).

ТАА фундаментална вистина сликовито е илустрирана во истоштените фигури на изгладнети мажи, жени и деца на кои им е ускратена оваа ‚најосновна човечка потреба‘. Други се во состојба да ја задоволат оваа потреба до извесен степен, но сепак се сериозно неисхранети. Па сепак, мнозина кои би можеле добро да јадат, честопати се задоволуваат со шунд храна која има мала вистинска хранлива вредност. „Изгледа дека храната“ — вели Healthy Eating (Здраво јадење) — „е еден од нашите најзлоупотребувани имоти.“

Мала е разликата со духовната храна — вистината која се наоѓа во Божјата Реч, Библијата. На некои луѓе им недостига дури и најосновната духовна исхрана; тие изгладнуваат духовно. Други, пак, едноставно занемаруваат да ја искористат духовната храна што стои на располагање. Како е со тебе? Дали ти лично духовно јадеш добро? Или, пак, се лишуваш себеси од духовна исхрана? Важно е да се биде чесен со себеси во оваа работа, затоа што духовната храна ни е потребна дури и повеќе отколку телесната храна (Матеј 4:4).

Храна за духовен раст

Храна и исхрана, учебник кој зборува за важноста на тоа да се има исправна исхрана, ни дава три добри причини за добро јадење. Едната е дека ни е потребна храна „за да го унапредуваме растот и да го надоместиме трошењето на телесните клетки“. Дали знаеш дека секој ден во твојот живот откажуваат и треба да се заменат еден билион телесни клетки? Исправниот раст и одржувањето на телото изискуваат добра храна.

Тоа важи и во духовен поглед. На пример, кога апостол Павле му пишал на собранието во Ефес, тој истакнал дека на секој христијанин му е потребна добра духовна храна за да стане „потполно возрасен човек“ (Ефесјаните 4:11—13, НС). Кога исправно се храниме со хранлива духовна храна, повеќе не сме како немоќни бебиња, неспособни да се грижиме за себеси, станувајќи плен на секакви видови опасности (Ефесјаните 4:14). Напротив, израстуваме во јаки возрасни, способни да водиме тешка борба за верата затоа што сме ‚хранети со зборовите на верата‘ (1. Тимотеј 4:6).

Дали е тоа случај и со тебе? Дали си пораснал духовно? Или, пак, си како некое духовно бебе — ранлив, потполно зависен од другите и неспособен да ги преземеш целосно христијанските одговорности? Разбирливо е што малкумина од нас спремно би рекле дека духовно сме како бебиња, но едно отворено самоиспитување е на место. Некои помазани христијани биле такви во првиот век. Иако самите требало да бидат „учители“, способни и спремни да ги учат другите што вели Божјата Реч, апостол Павле напишал: „Сѐ уште имате потреба да ве учат — кои се првите начала на словото Божјо, и дојдовте до таква состојба, што имате потреба од млеко, а не од тврда храна“. Ако сакаш духовно да пораснеш, негувај апетит за добра, тврда духовна храна. Не се задоволувај со духовна бебешка храна! (Евреите 5:12).

Оваа тврда духовна храна ни е потребна и за да ја поправиме секоја штета направена од секојдневните искушенија со кои се соочуваме во еден непријателски свет. Тие можат да ни ја исцедат духовната сила. Но, Бог може да ја обнови таа сила. Павле рекол: „Ние не паѓаме со духот; но, ако нашиот надворешен човек тлее [пропаѓа, НС], внатрешниот од ден на ден се подновува“ (2. Коринтјаните 4:16). На кој начин ‚се подновуваме од ден на ден‘? Делумно, преку редовно хранење со Божјата Реч, преку лично и групно проучување на Писмото и на публикациите темелени на Библијата.

Храна за духовна енергија

Храната е потребна и „за да создава топлина и енергија“. Храната обезбедува гориво за нашите тела да функционираат добро. Ако слабо јадеме, ќе имаме малку енергија. Недостигот на железо во нашата исхрана може да нѐ направи да се чувствуваме уморни и летаргични. Дали повремено се чувствуваш така кога станува збор за духовната активност? Дали ти е тешко да ги извршуваш должностите што идат со тоа да се биде христијанин? Некои кои се исповедаат дека се следбеници на Исус Христос, стануваат уморни во правењето добро и им недостига издржливост за христијански дела (Јаков 2:17, 26). Ако видиш дека ова е случај кај тебе, лекот може во голема мера да лежи во подобрување на твојата духовна исхрана или во зголемувањето на твоето земање духовна храна (Исаија 40:29—31; Галатјаните 6:9).

Немој да се мамиш да негуваш слаби навики за духовно јадење. Една од најголемите измами што ја користел Сатана низ вековите била таа што ги уверувал луѓето дека не треба да ја читаат Библијата и да примаат точно спознание од неа. Тој користи една прастара тактика усвојувана од напаѓачките војски за да потчинат непријателски градови — ги лишуваат од храна и ги изгладнуваат до подложување. Но, тој ја развил оваа тактика за еден чекор понатаму. Тој ги заведува оние кои ги држи „под опсада“ да изгладнат, додека се опкружени со планина од здрава духовна храна. Не е ни чудо што толку многу стануваат жртви на неговите напади! (Ефесјаните 6:10—18).

Храна за духовно здравје

Трета причина поради која ни треба храна — вели Храна и исхрана — е „за да го регулира здравјето на телото . . . и да спречи болест“. Здравствените користи од добрата храна не се веднаш очигледни. Кога ќе завршиме некој добар оброк, ретко помислуваме: ‚Тоа многу му користеше на моето срце (или на моите бубрези или на моите мускули итн.)‘. Сепак, обиди се некој подолг временски период да бидеш без храна, и последиците за твоето здравје стануваат очигледни. Какви последици? „Најчестата слика“ — вели еден медицински прирачник — „е негативна: нема напредување, нема спротивставување на безначајна инфекција, има недостиг на енергија или иницијатива.“ Еден споредлив вид духовно болна здравствена состојба за извесно време го погодил древниот Израел. Пророкот Исаија за нив рекол: „Целата глава ви е во рани, и целото срце ви е изнемоштено. Од главата до петите нема во тој народ здраво место“ (Исаија 1:5, 6).

Добрата духовна храна ни дава сила да се спротивставиме на таквата духовна изнемоштеност и на последиците од духовна инфекција. Спознанието од Бог служи за да нѐ одржи во добра состојба во духовен поглед — ако се храниме со него! Исус Христос коментирал за тоа како мнозинството луѓе во негово време не извлекле поука од немарноста на своите прататковци во врска со исправното духовно хранење. И тие одбивале да се хранат со вистините за кои тој поучувал. Со какви последици? Исус рекол: „Срцето на овие луѓе закоравело, и со ушите тешко слушаат; и ги затвориле очите свои да не би некогаш со очите да видат и со ушите да чујат и со срцето да разберат, та да не се покајат и да не ги исцелам“ (Матеј 13:15). Мнозинството никогаш не извлекло корист од исцелителната моќ од Божјата Реч. Тие останале духовно болни. Дури и некои помазани христијани станале „немоќни и болни“ (1. Коринтјаните 11:30). Никогаш да не покажеме презир спрема духовната храна што ја обезбедува Бог (Псалм 106:20).

Духовна загаденост

Освен заканата од духовно изгладнување, постои и една друга опасност за која треба да бидеме свесни — самиот вид храна што ја јадеме може да е загаден. Примањето на учењата што се заразени од опасни демонски идеи, може да нѐ затруе исто толку лесно како и јадењето телесна храна што била загадена со микроби или токсини (Колосјаните 2:8). Не е секогаш лесно да се препознае отровната храна. „Храната — вели еден авторитет — „понекогаш може да изгледа сосема здрава, а сепак да крие патогени бактерии.“ Затоа е добро да го испитаме изворот на нашата симболична храна, имајќи на ум дека некоја литература, како што се отпадничките написи, може да е заразена со воведување небиблиски учења и филозофии. Некои произведувачи на храна користат дури и заведувачки етикети за да ги измамат своите муштерии во поглед на содржината на своите производи. Секако дека можеме да очекуваме Сатана, големиот измамник, да го прави истото. Затоа, погрижи се таквата симболична храна да ја добиваш од доверлив извор за да останеш ‚здрав во верата‘ (Тит 1:9, 13).

Томас Адамс, проповедник од XVII век, за луѓето од своето време рекол: „Си ги ископаа гробовите со своите заби“. Со други зборови, она што го јаделе, ги убило. Погрижи се она што духовно го јадеш, да не те убие. Побарај си добри залихи од духовна храна. „Зошто да давате сребро за она, што не е леб?“ — прашал Јехова Бог кога оние, кои тврделе дека се негов народ, се свртеле кон лажни учители и пророци. „Послушајте Ме внимателно и јадете, што е добро, и душата ваша нека се наслади со мрс. Приклонете го увото и дојдете при Мене; послушајте, и душата ваша ќе биде жива“ (Исаија 55:2, 3; спореди Јеремија 2:8, 13).

Изобилство од духовна храна

Секако дека не постои оскудица на добра духовна храна. Како што прорекол Исус Христос, тој сега има една класа на верен и разборит роб која е зафатена со обезбедување ‚навремена храна‘ за секого кој ја сака (Матеј 24:45). Преку пророкот Исаија, Јехова ветил: „Ете, слугите Мои ќе јадат, а вие ќе гладувате . . . слугите Мои ќе пеат од срдечна радост“. Всушност, тој ветува гозба од храна за оние кои сакаат да ја јадат. „Господ Саваот ќе стави . . . за сите народи трпеза со добри јадења, трпеза со чисти вина, со богати јадења од коски“ (Исаија 25:6; 65:13, 14).

Сепак, размисли за ова: На една гозба би можеле да изгладниме до смрт! Иако опкружени со храна, ние можеме да завршиме сериозно неисхранети доколку навистина не се натераме да изедеме нешто од неа. Стихот од Изреки 26:15 (НС) го дава овој дословен опис: „Мрзливиот ја сокрил својата рака во гозбената чинија; станал премногу уморен за да ја врати кон својата уста“. Каква жална ситуација! На сличен начин, можеме да станеме премногу мрзливи за да се напрегаме во личното проучување на Божјата Реч и библиските публикации наменети да ни помогнат да примаме духовна храна. Или, пак, можеме да станеме премногу уморни за да се подготвуваме за или да учествуваме на состаноците на христијанското собрание.

Добри навики за јадење

Затоа, ја имаме секоја причина да развиваме добри навики за духовно јадење. Меѓутоа, реалноста е таа дека мнозина чепкаат од својата духовна храна, а некои дури и потполно се изгладнуваат себеси. Тие можат да бидат како поединци кои не ја гледаат важноста од исправната исхрана сѐ додека не ги претрпат последиците во подоцнежниот живот. Здраво јадење ја наведува оваа причина зошто можеме да бидеме немарни во врска со нашите навики за јадење, иако знаеме дека доброто јадење е битно за животот: „Проблемот е во тоа што [како последица од лошите навики за јадење] нема брзо нарушување на здравјето, нема ненадејни резултати кои следат како кога немарно поминуваш преку патот. Наместо тоа, може да има многу бавно, подмолно нарушување на здравјето на лицето, може полесно да се добијат инфекции, коските може да се покршливи, лечењето на раните и опоравувањето од болест може да е побавно“.

Во екстремни случаи, лицето може да стане како една млада жена која страда од anorexia nervosa. Таа се убедува себеси дека ѝ треба малку храна, дека е совршено добра, и покрај фактот дека физички пропаѓа. На крајот, ја губи секоја желба да јаде. „Тоа е една опасна состојба“ — вели еден медицински прирачник. Зошто? „Иако пациентката ретко дословно умира од изгладнетост, таа станува сериозно неисхранета и може да подлегне на она што обично би било безначајна инфекција.“

Една христијанка признала: „Со години се борев со сознанието дека треба редовно да се подготвувам за состаноците и лично да проучувам, а сепак никогаш не бев во состојба да го сторам тоа“. Таа на крајот навистина направила промени така што станала добар проучувач на Божјата Реч, но дури кога потполно ја сфатила итноста на својата ситуација.

Затоа, земи го при срце советот што го дал апостол Петар. Стани како ‚новороденче‘ и ‚развивај копнеж по нерасипаното млеко кое ѝ припаѓа на речта, за преку него да можеш да порастеш до спасение‘ (1. Петрово 2:2, НС). Да, ‚развивај копнеж‘ — негувај силна желба — да ги полниш својот ум и срце со спознанието за Бог. Духовно возрасните лица исто така треба да продолжат да го потхрануваат тој копнеж. Не дозволувај духовната храна да стане ‚еден од твоите најзлоупотребувани имоти‘. Духовно јади добро и извлечи полна корист од сите ‚здрави зборови‘ што се наоѓаат во Божјата Реч, Библијата (2. Тимотеј 1:13, 14).

[Слика на страница 28]

Дали треба да ја подобриш својата исхрана?

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели