Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 дек.
„Во ова време од годината, повеќето луѓе помислуваат на Исус Христос, сеедно дали веруваат во него или не. Некои велат дека тој не бил вистинска личност. Што мислите вие за тоа? [Откако ќе добиеш одговор, прочитај Матеј 16:15, 16.] Сигурен сум дека ќе уживате да ја прочитате оваа статија за ‚Вистинскиот Исус‘ за да видите како тој влијае врз Вас денес и како ќе влијае во иднина.“
Стражарска кула 1 јан.
„Дали се прашувате зошто некои луѓе навидум имаат лесен живот додека други едвај заработуваат за живот? Библијата ни кажува нешто за ова. [Прочитај Јов 34:19.] Во ова списание е објаснето како Бог има намера да им стави крај на класните разлики.“
Разбудете се! 8 јан.
„Повеќето од нас земаат здраво за готово дека секогаш ќе има храна во изобилство. Но, сега постои загриженост дека науката го загрозува нашиот извор на храна. Ова списание објаснува некои од тие грижи и зборува за библиската надеж за вистинско решение на овој проблем.“