Како да ги понудиш списанијата
Стражарска кула 15 дек.
„За време на празниците, многумина се трудат да бидат љубезни и сочувствителни. Што мислите, дали светот би бил подобар кога луѓето би покажувале сочувство низ целата година? [Почекај да одговори. Потоа прочитај 1. Петрово 3:8.] Ова списание објаснува зошто е добро да бидеме сочувствителни и како можеме да покажеме сочувство.“
Разбудете се! Дек.
„Дали мислите дека нашите блиски што умреле еден ден повторно ќе живеат? [Почекај да одговори.] Библијата вели дека постои решение за смртта. [Прочитај Псалм 68:20.] Ова списание објаснува зошто не треба да се плашиме дека со смртта завршува сѐ.“
Стражарска кула 1 јан.
„Многу луѓе се молат да дојде Божјето Царство. На пример, забележете ја оваа позната молитва за која Исус ги поучил своите следбеници. [Прочитај Матеј 6:9, 10.] Дали некогаш сте се запрашале што е тоа Царство и кога ќе дојде? [Почекај да одговори.] Ова списание покажува што вели Библијата за тоа.“
Разбудете се! Јан.
„Низ историјата жените честопати биле погазувани и малтретирани. Што мислите, зошто? [Почекај да одговори.] Видете што вели Библијата за тоа како треба мажите да постапуваат со своите жени. [Прочитај 1. Петрово 3:7.] Ова списание на темел на Библијата покажува каков став кон жените имаат Бог и Христос.“