Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 дек.
„Во ова време од годината, многумина размислуваат за раѓањето на Исус. Дали сте знаеле дека можеме да научиме скапоцени поуки од библискиот извештај за неговото раѓање? [Дозволи одговор. Потоа отвори на 5. страница и прочитај 2. Тимотеј 3:16.] Ова издание на Стражарска кула разгледува некои од тие поуки.“
Стражарска кула 1 јан.
„Кога ќе им умре некој сакан или кога страдаат од некоја болест, луѓето честопати се прашуваат: „Зошто Бог го допушта ова?“ Можеби и вие сте си го поставувале истото прашање. Библијата покажува дека Бог сочувствува со оние што страдаат. [Прочитај Исаија 63:9а.] Ова списание објаснува зошто можеме да бидеме сигурни дека Бог ќе му стави крај на страдањето.“
Разбудете се! 8 јан.
„Се чини дека денес има драматичен пораст во бројот на семејствата со еден родител. Библијата покажува дека нашиот Творец сочувствува со нив. [Прочитај Псалм 146:9.] Ова издание на Разбудете се! покажува како можат библиските начела да им помогнат на самохраните родители успешно да ги подигаат своите деца.“