Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 дек.
„Во овој период од годината, луѓето насекаде во светот на разни начини го одбележуваат раѓањето на Исус. Знаете ли дека библиските пророштва го поврзуваат раѓањето на Исус со траен мир? [Почекај да одговори. Потоа прочитај Исаија 9:6, 7.] Ова списание објаснува како ќе биде постигнат таквиот мир.“
Стражарска кула 1 јан.
„Повеќето религии ги поучуваат своите верници дека треба да се сака ближниот. (Прочитај Матеј 22:39.) Што мислите, зошто тогаш религијата е вмешана во повеќето војни и конфликти во светот? [Почекај да одговори.] Ова издание на Стражарска кула го разгледува прашањето: Може ли религијата да го обедини човештвото?“
Разбудете се! 8 јан.
„Зарем не е жално тоа што секоја година забременуваат милиони немажени тинејџерки? [Почекај да одговори.] Ова списание објаснува кои чекори можат да ги преземат таквите мајки за да се справат со многуте предизвици. Исто така објаснува на кој начин можат родителите да им помогнат на своите деца за воопшто да не дојде до овој проблем. (Прочитај 2. Тимотеј 3:15.)“