Што да речеш за списанијата
Стражарска кула 15 јуни
„Мислите ли дека некогаш ќе го видиме крајот на ваквите проблеми? [Прочитај го уводниот цитат од првата статија и дозволи одговор.] Божјата инспирирана Реч нѐ уверува дека таквите проблеми наскоро ќе исчезнат. [Прочитај Псалм 72:12—14.] Ова издание на Стражарска кула објаснува како ќе се исполни тоа.“
Стражарска кула 1 јули
„Милиони луѓе во своето обожавање користат ликови или икони, а милиони други сметаат дека тоа е погрешно. Сте се прашале ли некогаш што мисли Бог за тоа? [Дозволи одговор. Потоа прочитај Јован 4:24.] Овие статии покажуваат како започнале да се користат икони и што вели Библијата за обожавањето ликови.“
Разбудете се! 8 јули
„Како што знаете, грижата за семејството претставува предизвик во ова време и да се биде мајка изискува многу. Во ова издание на Разбудете се! има интересна дискусија на тема: ‚Мајчинство — потребна ли е супержена?‘ Би сакал да ви го оставам овој примерок.“