ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА Watchtower
ОНЛАЈН БИБЛИОТЕКА
Watchtower
македонски
ѐ
  • Ѐ
  • ѐ
  • Ѝ
  • ѝ
  • БИБЛИЈА
  • ПУБЛИКАЦИИ
  • СОСТАНОЦИ
  • km 8/02 стр. 8
  • Комуницирај!

За овој материјал нема видео.

Се појави проблем. Видеото не може да се отвори.

  • Комуницирај!
  • Нашата служба за Царството 2002
  • Сличен материјал
  • Јехова и Христос — најистакнати комуникатори
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Комуницирање во христијанската служба
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Комуницирање во семејството и во собранието
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1991
  • Здрава комуникација — клуч за добар брак
    Стражарска кула го објавува Јеховиното Царство 1999
Повеќе
Нашата служба за Царството 2002
km 8/02 стр. 8

Комуницирај!

1 За да го извршиме нашиот налог да проповедаме и да правиме ученици, мораме да им пренесеме информации на другите (Мат. 24:14; 28:19, 20). Комуникацијата може да биде предизвик дури и помеѓу пријатели. Што може да ни помогне да ги достигнеме непознатите со добрата вест?

2 Од непознат до пријател: Пробај да се ставиш во кожата на оние на кои им приоѓаме во служба. Во денешниот свет, разбирливо е дека некои може да бидат сомничави, или дури и да се плашат од непознати. Тоа може да ја попречи комуникацијата. Како можеш да го совладаш почетниот страв на оние што ги среќаваш? Дури и пред да изустиме макар и збор, еден начин на кој комуницираме е нашиот скромен изглед. Нашата уредна облека и достоинствено држење помагаат да се смират стравовите (1. Тим. 2:9, 10).

3 Друга помош за комуникација е опуштено, пријателско однесување. Ова помага другите да се чувствуваат покомотно и да бидат понаклонети да слушаат. Добрата подготовка е неопходна во овој поглед. Кога јасно имаме на ум што ќе кажеме, нема да имаме толку трема. Ваквиот смирен начин може да ги привлече другите кон нашата порака. Една жена, во врска со посетата на една сестра Сведок го рекла следново: „Она на што се сеќавам за нејзиното насмеано лице беше мирот. Тоа ме заинтересира“. Ова го отворило патот жената да ја чуе добрата вест.

4 Особини што привлекуваат: Треба да покажуваме искрен личен интерес за другите (Фил. 2:4). Еден начин да го направиме тоа е така што нема да доминираме во разговорот. На крајот на краиштата, комуникацијата вклучува и слушање. Кога ќе ги замолиме нашите слушатели да се искажат и кога со интерес ги слушаме нивните коментари, тие чувствуваат дека се грижиме за нив. Затоа, кога твоите слушатели зборуваат, не брзај да се вратиш на подготвената презентација. Ако можеш, пофали ги искрено и пробај да се надоврзеш на она што го кажуваат. Доколку нивните коментари откриваат нешто што им лежи на срце, прилагоди ја својата презентација за да одговара на нивните грижи.

5 Скромноста и понизноста на умот ги подмачкуваат врските на комуникација (Посл. 11:2; Дела 20:19). Луѓето биле привлечени кон Исус зашто бил „со благ нарав и понизен во срце“ (Мат. 11:29). Од друга страна, надмениот став одбива. Затоа, иако сме цврсто уверени дека ја имаме вистината, мудро избегнуваме да зборуваме на догматски начин.

6 Но, што ако коментарите на лицето одразуваат верувања што не се во склад со она за што поучува Библијата? Дали сме должни да го поправаме? Со текот на времето да, но не мораме да се обидеме да го направиме тоа уште при првата посета. Честопати, пред да ги споделиме библиските учења што можеби му се малку потешки да ги прифати, од корист е да се надоградуваме на мисли што ни се заеднички со нашиот слушател. Ова бара стрпливост и тактичност. Павле дал добар пример во овој поглед кога сведочел пред судиите во Ареопагот (Дела 17:18, 22—31).

7 Пред сѐ, несебичната љубов ќе ни помогне делотворно да комуницираме. Како Исус, мораме да чувствуваме сожалување за луѓето што се „одрани и расеани како овци без пастир“ (Мат. 9:36). Тоа нѐ поттикнува да им ја носиме добрата вест и да им помогнеме да дојдат на патот на животот. Нашата порака е порака на љубов, па затоа да продолжиме да ја кажуваме на начин полн со љубов. Така ќе ги имитираме Јехова Бог и Исус Христос — најистакнатите Комуникатори во универзумот.

    Публикации на македонски јазик (1991 — 2025)
    Одјави се
    Најави се
    • македонски
    • Сподели
    • Подесување
    • Copyright © 2025 Watch Tower Bible and Tract Society of Pennsylvania
    • Услови за користење
    • Полиса за приватност
    • Поставки за приватност
    • JW.ORG
    • Најави се
    Сподели